Наде Талевска рипна во тавче

Наде Талевска и Ненад Спасовски нејзиното долгогодишно момче, викендов го кажаа судбоносното “да”. Младенците направија свадба за роднините, пријателите и колегите со врвна организација и прием. Тоа што ретко може да се види на една наша свадба, го направија овие младенци а тоа  посебно ја одбележа вечерта, бидејќи се работи за американски свадбени обичаи. Тоа беше говорот на родителите на младоженците. Тие во неколку минути ги раскажаа животите на младите, од првите години живот преку нивното запознавање се до моментот кога Нено ја побара раката на Наде.

Најкреативниот дел на свадбата бил кога пејачката испеала повеќе песни и тоа придружувана од нејзиниот сопруг. На оваа веселба она што ги воодушеви присутните беше музиката за сечие уво која ги сруши сите свадбени стереотипи на кои сме навикнати. Се играше и пееше се до два часот по полноќ.  Младенците направија свадба која ќе се памети уште долго. Тазе брачниот пар Спасовски е пример како треба да изгледа македонска свадба направена по светски терк, но и како да се стави крај на свадбената рутина со орца и ретро хитови.
Ние им честитаме и им посакуваме многу среќа и љубов во заедничкиот живот!Наде Талевска и Ненад Спасовски нејзиното долгогодишно момче, викендов го кажаа судбоносното “да”. Младенците направиј

Пронајдете не на следниве мрежи: