Надградувањето на најновите сознанија во областа на производството на храна е постојана грижа на вработените во Државниот инспекторат за земјоделство

Надградувањето на најновите сознанија во областа на производството на храна е постојана грижа на вработените во Државниот инспекторат за земјоделство. Во таа насока е и најновата обука во рамките на Твининг проектот што се одвива и ќе се одвива во три дела. Поконкретно, Фитосанитарната инспекција при Државниот инспекторат за земјоделство е дел од пилот  проектот „Институционално зајакнување на капацитетите и надлежните служби за спроведување на законодавството на ЕУ од областа на безбедност на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика“ кој се одржува во соработка на Македонија со Италија.Проектот се спроведува во Агенцијата за храна и ветеринарство ( АХВ) и органите во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство(МЗШВ): Фитосанитарната инспекција при Државниот инспекторат за земјоделство, Фитосанитарната управа и Државната фитосанитарна лабораторија.
Вториот и третиот дел од Твининг проектот е планирано да се одржат во јули и во септември. 
Десетина  италијански експерти им помагаат на нашите инспектори и задолжени за квалитетно и безбедно производство на храна во повеќе конкретни области, пред се за  „Пасошки систем за растенија“, „Надградување на шемата за анализа на ризикот на пестицидите“, „Фитосанитарни сертификати за увоз и извоз“, „Оптимизација на процедурите за анализи на резидуи“ итн.Проектот се спроведува во Агенцијата за храна и ветеринарство ( АХВ) и органите во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и

Пронајдете не на следниве мрежи: