Наградата Гран при на меѓународниот арт фестивал „Езерски бисери 2016“ ја освои Антонија Гиговска (15), која го воодушеви жирито со своите моќни изведби. Вчера во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга се одржа доделувањето на наградите во програмата естрада, кореографија, фолклор, по што следеше Гала концерт на наградените учесници.Со освојувањето на наградата Гран При, Антонија Гиговска доби фестивалска статуетка, охридски бисери од семејството Филеви и парична награда од 1000 долари.
„Езерски бисери“ има веќе изградена репутација во регионот како фестивал и натпревар кој открива нови таленти и ги претставува на широката јавност. Токму на овој фестивал пред 3 години за првпат настапи Антонија Гиговска и го претстави својот огромен талент.
За лауреати од прв степен се прогласени македонските претставници, Андреа Ристоска, Сара Гигова, Мина Блажев,Тамара Ангеловска, Теодора Трајковска, Лина Авшар, Емин Хасан (Азербејџан), Аванесјан Нуни (Ерменија) Неѓица Мијајловиќ (БиХ),танц групата КВИН (Израел),Екатерина Офицерова (Русија).
Лауреати од втор степен се Теодора Станковиќ (Србија), Валерија Гајнутдинова (Русија), Едмон Мекхакјан (Ерменија), Елена Бимбилоска и Јасмин Алиевски (Македонија).
Жирито беше во состав: Виктор Бабарикин (Белорусија), Иванка Нинова (Бугарија), Сања Шутевска, Андријана Јаневска, Ана Костадиновска (Македонија), Јован Бицевски (Македонија) претседател.
Гала концертот,како и сите концерти и натпревари во рамките на фестивалската програма, ги водеше Миланка Рашиќ, која е и дел од организацијата на фестивалот.
Во програмата класична музика најдобри беа Стојан Стојанов (Македонија) и Мирела Јабанџиева (Бугарија).
Извонредно талентираните учесници, мастер класовите, врвните музички имиња во жирито,како и запознавањето на странскитеучесници со Струга,Вевчани,Охрид го направија ова фестивалско издание на „Езерски бисери“ едно од најуспешните досега.
Со освојувањето на наградата Гран При, Антонија Гиговска доби фестивалска статуетка, охридски бисери од семејството Филеви и парична награда од 100