Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, денеска /10.06.2016, петок/, во Музејот на град Скопје, во рамките на манифестацијата „Средба меѓу првиот и најдобрите“, на најдобрите 25 матуранти –првенци на генерација 2012/2016 година од 21 средно училиште, им додели признанија и парични награди.
– Целта на оваа манифестација „Средба меѓу првиот и најдобрите“ е да го афирмира знаењето и училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта на Градот Скопје и да им се оддаде јавно признание за постигнатите резултати. Од пред неколку години манифестацијата е збогатена на тој начин што со неа се опфатени и ученици од тригодишното образование, па затоа денеска наградуваме 25 првенци од 21 средно училиште на Градот Скопје. Ценети првенци, Вие со своите успеси и постигнувања се афирмиравте себеси, Вашите училишта, но и нас граѓаните на градот Скопје, како и државата. Праксата покажува дека секој млад човек, кој бил првенец на својата генерација гради успешна иднина и достигнува врвни резултати на патот на својот професионален развој. Вие веќе сте ја осознале најголемата вредност и потврда за човековиот развој, а тоа е учењето и знаењето.Ценам дека најважната задача на секоја образовна институција е кај Вас учениците да ги развива и јакне благородните творечки и креативни сили. Тоа е патот до најголемиот дар и признание што човек може да го поседува, а тоа е, знаењето.Како дел од овој проект, Градот Скопје реализираше и еднодневна наградна екскурзија, наречена „По стапките на творците на градот”. Најдобрите ученици од сите средни училишта, заедно се дружеа и посетија повеќе монументалните објекти во Скопје и во неговата околината, значајни места врз кои се темели идентитетот на нашиот град. Запознавајќи го подобро градот се спознаваме повеќе и себеси и нашата меѓусебна поврзаност е поголема. Драги првенци на генерација, сега кога го заокруживте средното образование, Ви пожелувам со себе да ги понесете најубавите спомени од средношколските денови, и да продолжите понатаму со нови сили, да придонесувате за развојот на нашето општество, бидејќи Вие сте нашата иднина. Богатството на Р. Македонија е во огромните творечки потенцијали на Вас младите, истакна градоначалникот Трајановски.
Добитници на наградите и признанијaта се: од СУГС „Лазар Танев“ ХРИСТИЈАН НИКОЛОВСКИ и БОЈАН РАДЕСКИ, од СУГС „Јосип Броз Тито“ МАРИЈА МАГДАЛЕНА ЛАЗОСКА, од СУГС „Кочо Рацин“ БОЈАН ДИМОСКИ, од СУГС „Георги Димитров“ АНАСТАСИЈА ДЕМЕРЏИЕВА, од СУГС „Арсени Јовков“ АНДРИЈАНА ДИМИТРИЈЕВИЌ, од СУГС „Здравко Цветковски“ ТЕОДОРА СТЕФАНОВСКА, од СУГС „Браќа Миладиновци“ ХРИСТИНА ТРПЧЕВСКА, од СУГС „Владо Тасевски“ ЗДРАВКО ТОДОРОВ, од СУГС „Димитар Влахов“ АНЕТА ИВАНОВА, од СУГС „Цветан Димов“ СЕНАД ДОШЉАК и ХАДИС ФЕТА, од СУГС „Михајло Пупин“ АНГЕЛ ДАВКОВСКИ, од СУГС „8 Септември“ НИКИТА ГОСТОВИЌ и ЕГЗОН РАМАДАНИ, од СУГС „Д-р. Панче Караѓозов“ ЕМИНЕ ИДРИЗИ, од СУГС „Зеф Љуш Марку“ АРНЕН ТЕЛЌИУ, од СУГС „Боро Петрушевски“ РАДМИЛА СЕНЕВА и АЛЕКСАНДАР ЦЕКОВСКИ, од СУГС „Панче Арсовски“ МАРТИН МЛАДЕНОВСКИ, од СУГС „Васил Антевски Дрен“ ЛАЗЕ ЃОРГИЕВ, од СУГС „Орце Николов“ ФИЛИП МАКРАДУЛИ, од СУГС „Никола Карев“ МАЈА ШАРЕСКА, од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ ВЕРА ДИМОВСКА и од СУГС „Марија Склодовска-Кири“ ДРАГАНА СТОЈИЌ.
И годинава во организација на Секторот за локален економски развој на Град Скопје, за првенците на генерација но, и за уште тројца најуспешни ученици од секое училиште,како награда на најдобрите средношколци-првенци во генерацијата и сите оние што на некој начин придонеле за афирмација на нивното училиште се организираше екскурзија „По стапките на творците на градот“, која се реализираше на 27.05.2016 година. Името на симболичен начин треба да го покаже постојаното чекорење на жителите на градот кон нови и повисоки дострели. Исто така, овде се сублимирани стремежите за стимул на младите успешни луѓе во нивните понатамошни определби, преку еден начин на заедничко дружење и поттикнување на навиките кон негување на културата и богатството на нашиот град, а воедно пофалба и давање на признание со кое се одвојуваат од останатите врсници за нивниот труд и залагањето за време на средношколското образование. Екскурзијата опфати посета на монументалните места и објекти, односно музеите и најзначајните споменици на културата во Скопје.
– Целта на оваа манифестација „Средба меѓу првиот и најдобрите“ е да го афирмира знаењето и училишниот успех н