петок, 27 ноември 2026
Најново

Награди за најуспешните основци од општина Кисела Вода

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Продолжуваат активностите на општина Кисела Вода во насока на одбележување на 61-годишниот јубилеј. Денес,во рамките на проектот „Општината ги стипендира најдобрите“, 90-те талентирани и надарени ученици од основните училишта на оваа територија, кои во текот на учебната 2015/2016 година освоија награди на натпреварувањата од областа на науката, спортот, културата и уметноста, од градоначалникот и Претседателот на Советот на општина Кисела Вода добија парични награди.Освен поединечните награди во висина од 10 000 денари, беа доделени и 4 награди во вредност од 15 000 денари во екипна конкуренција.
– Реализирањето на сопствените амбиции, врвните достигнувања во областа во која се чувствувате најмоќни, задавањето на се повисоки цели и нивното остварување, се одлика на успешните луѓе. Кога се работи за млади лица, за ученици, како што сте вие, овој успех е уште поголем. Паричните средства што општина Кисела Вода денес ви ги доделува освен што значат признание, треба да бидат поттик за вашата понатамошна работа. Стимул – со посветеност да продолжите да ги проширувате своите видици, создавајќи високоинтелектуална креативна средина за сите ваши соученици и оние кои ќе ве наследат во училишните клупи- потенцираше градоначалникот Беличанец-Алексиќ во своето обраќање.
Денешните активности за одбележување на Денот на општината, 29-ти јуни, продолжуваат во попладневните часови. Во 17 часот Здружението на пензионери на Кисела Вода ќе одржи хуманитарна коријада во паркот Шопен. Средствата од продажбата на белите печива кои тие ги подготвуваат, а потоа и продаваат, се наменети за социјално- загрозените лица од општината.
На истата локација од 18часот, во соработка со ЈЗУ Здравствен дом-Скопје, ќе се вршат бесплатни лекарски прегледи, а потоа Здружението на пензионери на Кисела Вода ќе се претстави со културно-уметничка програма.Освен поединечните награди во висина од 10 000 денари, беа доделени и 4 награди во вредност од 15 000 денари во екипна конкуренција.
– Реал

Поврзани вести