Ако не му дадете до знаење дека ви се допаѓа, со помош на насмевка, случаен допир или внимателно слушање, нема да знае дека му се допаѓате.
Некои жени се родени за флерт, но има и такви кои помалку се снаоѓаат. Сепак, и најдобрите во оваа област прават грешки. Ова се најчестите грешки при флертување:
Нејасни сигнали – Не е доволно само да се облечете убаво. Ако не му дадете до знаење дека ви се допаѓа, со насмевка, случаен допир или внимателно го слушате додека ви зборува, тој нема да знае дека ви се допаѓа.
Ледена кралица – Сериозно или безизразно лице, може да остави впечаток на недопирлива личност. Со тоа не можете да го заведете. Многу пати е докажано дека мажите ги привлекуваат насмеани , ведри и пристапни девојки.
Претерана самодоверба – Доколку зборувате за тоа колку додворувачи имате, нема да му се допадне. Мажите не сакаат фалбаџики.
Премногу смеење – Мажите сакаат кога жените се смеат на нивните шеги, но ако претерате, ќе помислат дека глумите и ќе го доживеат тоа како знак дека не се духовити. Ако им го повредите егото, не можете да очекувате дека ќе продолжат со флертувањето.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.