Најчестите значења женски и машки лаги!

Сите ние по некогаш лажеме, свесно или пак несвесно.Не дека сите сме лажливци, но сигурно некогаш сте го излажете вашиот шеф на работа дека доцните бидејќи сте и помагале на некој бабичка да ја помине улицата или пак тој вас да ве излаже дека ќе добиете бонус и покрај финансиската криза…
Лагите кои ги кажуваат мажите и жените кои се во брак, љубовна врска се едни од најитересните.
Не мора да значи дека следниве реченици секогаш кога се кажани се лага, но најчесто нивното значење е сосема поинакво.
Затоа прочитајте ги најчестите значења на лагите:

Женски лаги:
Ништо не ми е, добро сум ** Сите бродови ми се потонати, но не можам да ти објаснувам и онака нема да ме разбереш.
На попуст беше ** Не беше на попуст, но навистина ми беше потребно.
Имам главоболка ** Не ми се оди нигде, не ми се разговара, не сакам да имаме секс.
За 5 минути сум таму ** За еден час со сигурност ќе бидам на договореното место.
Твоите пријатели се супер ** Убаво ми е со тебе и не сакам да го уништам тоа што го имаме објаснувајќи ти зошто твојот пријател ми оди по нерви.
Се разбира дека немам ништо против вечерва да гледаш фудбал со другарите ** И тоа како сум против, но ќе го чувам како бонус карта кога мене ќе ми треба нешто.
Не сум гладна ** Не сакам да видиш како дрчно го јадам хамбургерот во оваа почетна фаза, во твоите очи сакам да бидам вистинска дама.
Го купив на распродажба ** Всушност имаше редовна цена и ме чинеше цело богатство, но тоа беше навистина добра инвестиција… секако дека твојот машки мозок тоа не би го разбрал.
Не сум ти лута ** Премногу сум ти лута, толку многу што ова има да ти го извадам низ нос при првата прилика што ќе ја имам.
Ова не ми е ново, го имам со години ** Го купив вчера, но не можам повторно да ти се правдам зошто трошам толку пари.
Не знам каде е, не сум го ни допрела ** Го преместив негде додека се трудев да ставам крај на твојата неуредност, но не знам ниту сакам да размислувам каде сум го ставила.
Извини, заборавив да ти се јавам ** Здодевен си, олабави.
Не го слушнав телефонот ** Не му обрнав внимание на телефонот кога ѕвонеше.
ТЕ САКАМ ** Убаво ми е со тебе, имам пеперутки во стомакот, со тебе го имам она што ми е потребно во моментов.

 

Машки лаги:
Не испив толку ** Испив дупло повеќе отколку што тебе може да ти падне на памет.
Заглавив во сообраќајот ** Имав поважна работа и не ми се брзаше.
Не, не си здебелена ** Си накачила некое килце, но ако ти го кажам тоа ќе биде Трета светска војна и никогаш нема да сфатиш дека мене и така си ми убава.
Немав мрежа на телефонот ** Не бев расположен да правам муабет со тебе.
Не можам да преноќам кај тебе, имам состанок рано наутро ** Се плашам дека преноќувањето би нè одвело на ново ниво во нашата врска.
Многу си убава ** Ме привлекуваш и сакам да имам секс со тебе.
Сакам да се средам ** Смачено ми е постојано да бркам девојки за да имам секс, едноставно сакам да знам дека секогаш можам да го имам тоа со тебе.
Ќе ти се јавам ** Ќе ти се јавам кога повторно ќе те посакувам.
Ти си вистинската за мене ** Во овој период ти си ми на прво место.
Не сакам само секс, сакам да сум блиску до тебе ** Сакам да сум блиску до тебе, за да можам да добијам секс кога ќе посакам.
Во целибат сум веќе неколку месеци ** Никако не успевам да „легнам“ некоја.
ТЕ САКАМ ** Слатка си и многу си ми мила, убаво ми е со тебе и го добивам она што го сакам.Не дека сите сме лажливци, но сигурно некогаш сте го излажете вашиот шеф на работа дека доцните бидејќи сте и помагале на некој бабичка да ја помин

Пронајдете не на следниве мрежи: