Најчудните изговори за прекин на врска: „Ме остави поради прескапиот бензин“

Лоша смисла за мода и алергија на риба и морски плодови – се само дел од причините зошто некои парови прекинале.Иако раскинувањето е тешко и болно искуство, понекогаш тоа има и своја комична страна која ја споделиле читателите на хафингтон пост. Некои од нив партнерот ги оставил бидејќи бензинот бил прескап, а други поради тоа што ги споредиле со ликови од цртани филмови. Дознајте се од овие 11 приказни.„Ме остави затоа што ѝ реков дека изгледа како лик од цртан филм Peter Griffin од Family Guy. Помисли дека ѝ велам дека е дебела“.„Излегував со момче кое живееше на 20 минути од мојата куќа. Во тоа време немав автомобил па тој постојано доаѓаше по мене. На крајот ме остави бидејќи бензинот бил прескап. Ианку се гледавме два пати неделно и тоа во период од два месеци. Работев и му се понудив да платам за трошоците, но рече не. Мислам дека едноставно ме лажеше.“„Не ѝ реков дека ја сакам по два дена па ме остави. Имавме само 14 години.“„Мојата поранешна ме остави преку пораки. Тоа беше во средно училиште. Ми напиша:'Лоша вест е што расинувам со тебе, а добра е што можеш да го промениш осигурувањето на автомобилот'.„Ме остави затоа што не се облекувам доволно убаво. И тоа поради волонтер кој носеше костум.“„Во основно училиште 'момчето' ме остави затоа што неговиот брат близнак ја оставил својата девојка.“„Не сакаш шкампи или риба? Не, алергична сум на тоа. нема да јадам нешто што може да ме убие само за ти да бидеш среќен.“„Работевме заедно, а политиката на компанијата не допушташе врска помеѓу вработените. Ме остави затоа што се плашеше дека ќе добие оказ. На крај сама даде отказ и тоа по месец дена.“„Девојката го остави мојот пријател само затоа што имал премногу влакна под пазувите.“„Ме остави затоа што не сакав да ја однесам во забавен парк и тоа откако ме изневери.“„Прекина со мене бидејќи ѝ почина кучето. Немав ништо со неговата смрт.“Иако раскинувањето е тешко и болно искуство, понекогаш тоа има и своја комична страна која ја споделиле читателите на хафингтон пост. Некои од нив

Пронајдете не на следниве мрежи: