Хамес Родригес постигна шест голови во пет натпревари и ја освои Златната копачка. Златната топка ја освои Лео Меси за најдобар играч, додека Златната ракавица замина кај Мануел Ноер.Колумбијскиот принц, фантастичниот Хамес Родригес (23) е новиот крал на стрелците. Во пет натпревари постигна шест гола со што ја загарантира Златната копачка пред Томас Милер.
Златна Копачка- Хамес Родригес
На Милер му недостигаше еден гол за да ја одбрани Златната копачка освоена во Јужноафриканската Република. Хамес постигна четири гола со лева, еден со десна нога и еден со глава. од шестте гола само еден беше даден од белата точка. За наслов крал на стрелците му беа потребни 399 минути. Сребрената копачка ја освои Милер, а Бронзената Нејмар.
Златна топка – Лео Меси
Четирите гола и една асистенција беа доволни за Лео Меси да ја освои Златната топка, награда за најдобар играч на СП. Меси речиси сам ја влечеше Аргентина до осминафиналето, стрелаше, асистираше, правесше прилики… После тоа малку се умори, а во соиграчите немаше вистинска поддршка, но она што го покажа беше доволно за да ја освои Златната топка. Зад него се Томас Милер и Ариен Робен.
Златна ракавица – Мануел Ноер
Германскиот голман и пред овој натпревар важеше за најдобар голман на СП. На целото првенство прими само четири гола и со Германија го освои насловот светски првак. Заслужено како и Златната ракавица! Колумбијскиот принц, фантастичниот Хамес Родригес (23) е новиот крал на стрелците. Во пет натпревари постигна шест гола со што ја загарантира