Најдобра земја на светот е …

Германија успеа да се најде пред САД и прогласена е за најдобра земја на светот, судејќи по истражување кое своите резултати ги базира на основа на тоа како аутсајдерите ги перципираат другите нации, пренесува „Индепендент“. Америка во изминатите 5 години била на чело на оваа листа, на основа на резултатите до кои дошол „Националниот индекс на брендови“, кој го осмисли Анхолт-Гфк и кои се базирани на основа на интервјуа со преку 20 000 лица од 20 земји.
Обединетото кралство се нашло на третото место, додека Франција и Канада на 4-тото и 5-тото место.
Студијата тврди дека го прикажува „глобалното јавно мислење“, а од учецниците е побарано да рангираат 50 развиени земји и земји во развој на основа на 23 различни атрибути.
Со комбинирањето на овие атрибути, судејќи по компанијата Анхолт-Гфк, доаѓаме до слика од една нација.
Германија профитирла не само поради спортскиот успех во фудбалот, туки и поради перцепциите на нејзиното водство во Европа низ робусната економија и политичкото водство. Од друга страна, неодамнешните меѓународни настани направиле личностите анкетирани во Русија и Египет, да дадат значително пониска оценка за „глобалниот мир и сигурноста“ на САД. Германија исто така забележила високи оценки кога во прашање се „искрената и компетентна влада“, „инвестициската клима“ и „друштвената еднаквост“, изјави Симон Анхолт, независен советник, кој учествувал во создавањто на извештајот.  Америка во изминатите 5 години била на чело на оваа листа, на основа на резултатите до кои дошол „Националниот индекс на брендови“, кој

Пронајдете не на следниве мрежи: