Најдобрата песна од Владо Јаневски – Булки

Според наше мислење Булки е најдобрата песна од Владо Јаневски. Веднаш ќе кажеме дека ова е субјективно мислење и со него немора да се сложите…
Но, тоа беше за нас доволна провокација да ја пренесеме денеска тука за вас, со се текстот, за да си поуживате… Се разбира за некој има некаква симболика. Можеби и за вас…
Музика и текст: Владо Јаневски
Аранжман: А. Пецотиќ,
Продуцент: В. Скендеровски
 
Од Божји нишан не се бега, збогум, стар пријателе.
Некој асфалт кај и да е и мене таму ќе ме однесе.
Едни нема ни да трепнат, на други може ќе им биде жал.
Трети лажно ќе се фалат дека песни сум им пишувал.
А ти ќе речеш: „Добар беше, добар беше, многу ме сакаше”.
И ќе згрешиш, фала Богу, тебе те сакав најмногу!
И ќе измислат, за да те боли, сè што за мене не си слушнала.
Но, ти ќе знаеш, по човек, песот лае, само кога не го познава.
А над мене ќе никнат булки, црвени, ко мојта крв.
Кога те запишав во срце, душата ми беше сведок прв.
На пола пат, преку планета, таа ноќ ќе полета една мала, сина птица, да те најде и на дланки твои да заспие!
А ти ќе речеш: „Добар беше, добар беше, многу ме сакаше”.
И ќе згрешиш, фала Богу, тебе те сакав најмногу!
А над мене ќе никнат булки, црвени, ко мојта крв.
Кога те запишав во срце, душата ми беше сведок прв.
Тогаш речи: „Добар беше”.Според наше мислење Булки е најдобрата песна од Владо Јаневски. Веднаш ќе кажеме дека ова е субјективно мислење и со н

Пронајдете не на следниве мрежи: