Најдобрите 25 ученици од општина Аеродром на настава во Лондон

Денеска, 27.10.2016 година, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, заедно со амбасадорот на Велика Британија, неговата екселенција Чарлс Герет, и заменик-министерот за образование Спиро Ристевски, најавија продолжување на традицијата преку која Општина Аеродром ги испраќа најдобрите ученици на настава во Лондон.Имено, на почетокот на декември, 25-те најдобри ученици од сите основни училишта во Општина Аеродром ќе ја посетат збратимената Општина Вандсворт во Лондон, каде што ќе посетуваат настава во училиштето Брнтвуд.
За време на наставата во училиштето во лондонската општина Вандсворт учениците придружувани од еден одговорен наставник ќе имаат можност да ја посетуваат наставата кај своите врсници и да се запознаат со нивниот воспитно-образовен систем, односно со нивните наставни програми и со начинот на одржување на наставата.
Тие ќе бидат сместени кај семејствата на своите соученици, така што ќе можат да дознаат повеќе за обичаите, навиките и начинот на живот во Велика Британија.
Минатата година во јуни Општина Аеродром, всушност, ја испрати првата група најдобри ученици на настава во Лондон, а оваа година во јуни група ученици од Лондон дојдоа во возвратна посета на Аеродром, така што оваа втора посета ја зацврстува традиција во насока на зајакнување на соработката меѓу двете општини. Тоа им овозможува на учениците размена на искуства и вредности, стекнување нови другарчиња, но и поттик за поголеми успеси во училиштето.
Оваа иницијатива е многу важна и добра илустрација на врските меѓу Македонија и Британија. Ова е уникатна прилика за најдобрите ученици од Аеродром да посетуваат настава во училиштето Брнтвуд, кое е добар пример на образование во Лондон и важи за многу успешно училиште со голема инклузивност, изјави амбасадорот Герет.
Заменик –министерот Ристевски, пак, кажа дека ова треба да биде предизвик и пример за другите општини во Македонија, зашто размената на искуства и традиција е бесценета.Имено, на почетокот на декември, 25-те најдобри ученици од сите основни училишта во Општина Аеродром ќе ја посетат збратимената Општина В

Пронајдете не на следниве мрежи: