Најдобрите основци од Карпош ќе одат на бесплатен одмор

Денеска, во својот кабинет градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, ги прими првенците на генерацијата од основните училишта на територијата на локалната самоуправа. Градоначалникот Јакимовски ги пофали учениците за постигнатиот успех, истакнувајќи дека само со вложен труд во себе, упорност и со постојано учење можат да напредуваат во животот, и да се изградат во успешни доктори, професори, министри и други области во работната кариера.На учениците, првиот човек на локалната самоуправа им додели решенија за финансиска награда во износ од 10.000 денари како скромен придонес од Општината за нивниот постигнат успех, стимулирајќи ги со наградата и понатаму да постигнуваат успеси.
Во исто време во изјава за медиумите, градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, истакна дека традиционално, и оваа година, со средства издвоени од Буџетот на локалната самоуправа, најдобрите спортисти од училиштата во Карпош ќе летуваат во збратимената оштина Тиват во Црна Гора.
Бесплатното летување на најдобрите спортисти и ученици е признание за нивните успеси на државно ниво, со кои ја промовираа Општина Карпош како најспортска општина во Република Македонија. Исто така, градоначалникот Стевчо Јакимовски истакна дека можност за летување во Тиват имаат и најдобирте ученици – првенци за оваа година кои денес ги добија своите признанија.
Понатаму, Јакимовски додаде дека ова лето, Општината во август ќе испрати 70 деца од основните училиштата на својата територија, на одмор во Охрид кои потекнуваат од социјално загрозени семјества. На крајот општинскиот татко упати апел до градоначалникот на Град Скопје и до градоначалниците на скопските општини, постојано да вложуваат во најталентираните ученици и спортисти, вреднувјќи ги нивните успеси, и на тој начин преку стимул, во иднина тие млади, да се изградат во првенци во своите научни, културни и спортски кариери.
Градоначалникот Јакимовски, изјави дека му е особено драго што првенците од основните училишта ќе се запишат во средни училишта на територијата на Општина Карпош, напоменувајќи дека Карпош функционира како посебен град, во кој има голем број на основни и средни училишта, театар, спортска сала, со што младите и граѓаните ќе можат да ги задоволат своите потреби од културен, спортски и едукативен карактер.На учениците, првиот човек на локалната самоуправа им додели решенија за финансиска награда во износ од 10.000 денари како скромен придонес од Општ

Пронајдете не на следниве мрежи: