Најдобрите Твитер профили што ќе го зголемат вашето знаење!

Твитер понекогаш изгледа повеќе на весник или енциклопедија отколку на една обична социјална мрежа. Неговата интелигентна база на корисници придонесува за збогатување на знаењето на микроблогирачка платформа. Експерти од различни области постојано постираат твитови, а нивните следбеници можат многу да дознаат со едноставно читање на твитовите. Јас пронајдов неколку Твитер профили, кои ќе го зголемат вашето општо познавање на широк спектар на теми од науката, технологијата, човековите права, животна средина и многу повеќе. Овие лица и профили со општи факти ќе ви помогнат да се вклучите во интелигентни дискусии.
Кои интелигентни профили и личности вие ги следите на Твитер?
1. Mental Floss
Продолжување на списанието Mental Floss. Овој профил е совршен за луѓето полни со знаење. Ќе дознаете малку познати факти низ многу теми, сеедно дали од поп-културата, спортот или науката.
2. Google Facts
Профилот на Google Facts не е поврзан со Гугл- администратори се истите луѓе кои го водат профилот со пародијата за MoorganFreeman, но фактите се вистинити и обично шокантни.

3. Joanne Manaster
Џоан Манастир е биолошки експерт и сенаучен ентузијаст. Нејзините информативни твитови се забавни, инспиративни и достапни за просечниот корисник на Твитер.
4. NASA
Националата аеронаутичка и вселенска администрација е дел од Владата на САД, задолжна за националната вселенска програма и истражување. Профилот на НАСА овозможува најнови вести и ажурирања од различни проекти, вклучувајќи ја ракетата за Марс и Меѓународнтата вселенска станица.
5. Melinda Gates
Таа е ко-претседател на Bill & Melinda Gates Foundation, каде што активно се залага за човековите права(особено за здрајето). Со следењето на нејзиниот профил, ќе бидете во тек со најновите проблеми и кампањи.

6. Maria Popova
Таа го води BrainPickings, екстра популарен блог со широк спектар на теми.
7. Random Facts
Овој профил споделува буквално како што наведува неговото име – разни факти кои никогаш посебно не сте ги прочитале, но се многу важни.
8. Word of the Day
Учењето на нов збор секој ден е одличен начин да се зголеми вашиот вокабулар и непогрешен начин да ги импресионираш луѓето околу вас.
9. OMG Facts
Профилот изобилува со возбудливи, несекојдневни и малку познати факти. Со повеќе од 4 милиони следбеници и четири поврзани профили за секс, познати личности, животни и спорт, сигурен сум дека ќе научите нешто ново.  Јас пронајдов неколку Твитер профили, кои ќе го зголемат вашето општо познавање на широк спектар на теми од науката, технологијата, човековите прав

Пронајдете не на следниве мрежи: