Најдоброто од Тоше Проески

Loading...

Никогаш не е доволно да се потсетуваме на нашата најголема музичка икона… Тој веќе не е со нас, но тука е неговата музика засекогаш. Остави трага во колективната меморија на сите македонци..
Еве мал извадок како за него пишуваа македонските мадиуми: „Популарниот Тоше музичката кариера ја почна во 1997 година на фестивалот за млади таленти „Мелфест“ во Скопје. Негови први хитови се песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998).
Соработуваше со најдобрите македонски композитори – Григор Копров, Кире Костов, Кристијан Габроски, Хари Котларовски и текстописци – Огнен Неделковски, Миодраг Врчаковски и други. Имаше големи успеси и во соработката со музички автори од регионот – Жељко Јоксимовиќ, Марина Туцаковиќ, Леонтина и многу други.  Проески во Македонија освои многу награди за албумите „Некаде во ноќта“ и „Божји син“, а многу пати е прогласуван за личност на годината според гласовите на македонската публика. Беше многу популарен и во државите во регионот. 
Во октомври 2001 година одржа концерт во Белград, во престижниот центар „Сава“, кој беше исполнет до последното место. Во 2004 година ја претставуваше Македонија на „Евровизија“ во Истанбул, каде што го освои 14. место. Во 2004 година беше прогласен за амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја објави и песната „За овој свет“, што набрзо стана хит.“ (дневник)
Ако сакате да ја прочитате неговата биографија, следете го линкот:
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D0%BE%D1%88%D0%B5_%D0%9F%D1%80%D0%BE%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B8
 
А подолу преслушајте го најдоброто од него. Никогаш не е доволно да се потсетуваме на нашата најголема музичка икона… Тој веќе не е со нас, но тука е неговата музика засекогаш. Остави

loading...