Најгламурозната новогодишната манифестација има мрачна тајна

Виенската филхармонија има своевидна традиција на првиот ден од новата година да приреди грандиозен концерт на класична музика. Многу малку луѓе знаат како дошло до овој обичај, како и тоа дека оваа традиција има и своја мрачна страна.Повеќето луѓе сметаат дека овие новогодишни коцерти ѝ припаѓаат на традиција стара неколку векови, но, тие всушност почнале за време на нацистичкото владеење. Всушност, овие концерти се проект на Јозеф Гебелс.Првиот настап бил одржен на новогодишната вечер во 1939 година, со цел да се соберат парични средства. Ова било план на Хитлеровата националсоцијалистичка партија, за од собраните средства да се купи гориво за ладните месеци.
На програмата на филхармонијата биле композиции од Јохан Штраус.Организирањето на гала концерти со музиката на Штраус земало замав дури со иницијативата на нацистите, кои имале план овие случувања да го соединат целиот Трет рајх, и да направат своевиден дух на заедништво, но и да донесат парични средства.Било одлучено концертот да се одржува секоја година, на новогодишната ноќ, како и на првиот ден од новата календарска година. Со оглед на тоа дека било јасно дека војната ќе биде се само не кратка, се сметало дека нумерите како валцерот „Убавиот син Дунав“ ќе го кренат моралот на војската, но и целата нација.Кога се дознало дека Штраус има еврејски корени, Гебелс се обидел да го задскрие тоа на сите можни начини, во што и успеал. По завршување на војната, многу работи врзани за нацистите се промениле, но една останала иста. Концертите продолжиле да се одржуваат, секоја година.

Уште една работа која фрла дамка на Виенската филхармонија е тоа што во 60-те години од 20-от век го одликувала и му укажала големо почитување на Балдур фон Ширак, нацистички гувернер на Виена, и тоа откако излегол од затвор по 20 години поради депортирање на неколку илјади евреи.Бил награден со прстен од филхармонијата во 1942 година. Но, откако завршила војната тоа одликување го „изгубил“. Откако фон Ширак  ја отслужил казната поради злосторства во втората светска војна, добил повик од филхамонијата, каде му била врачена замена за згубеното одликување.
Која јавноста дознала за овој, слободно речено, срамотен чин на една од најугледните австриски институции, филхармонијата била приморана да повлече 6 одликувања кои ги поделила на нацистички офицери. Сепак, традицијата на концертите опстанала.
Повеќето луѓе сметаат дека овие новогодишни коцерти ѝ припаѓаат на традиција стара неколку векови, но, тие всушност почнале за време на нацистичкот

Пронајдете не на следниве мрежи: