Најголемата терористичка војска во светот ИСИС, создадена е во Либија за воспоставување глобален поредок

САД упорно тврдат дека единствениот  начин да се спречи таканаречената „Исламска држава“ во Сирија и Ирак (ИСИС), е всушност тргањето на власта во Сирија. Овој план го комплицираат настаните во Либија, последната држава во која НАТО неуспешно го промени режимот.Во 2011 година  вооружени со оружје на  НАТО,  војници  ги окупираа источните либиски градови Тобурк, Бенгази и  Дерна. До октомври 2011, НАТО успешно ја сруши  либиската власт предавајќи ја нацијата на истата таа војска.
Она што следеше  беше вистинска варварска кампања, геноцид, многу побрутален од оној   за кој НАТО  тврдеше дека  либистака власт го спроведува  пред нивната итервенција.
Утврдено е дека таканаречените  „бунтовници“ со кои либискиот лидер Моамер Гадафи мораше да се бори, се всушност вооружени  терористи од источна Либија.
Скоро веднаш откако НАТО успешно ја уништи либиската власт, неговите терористички застапници биле мобилизирани  за да учествуваат во следната кампања на НАТО против Сирија. Либиските терористи прво биле испратени во Турција, членка на НАТО, каде биле сместени, вооружени, тренирани и опремени, пред да ја преминат сириската граница за да се борат.
CNN во текстот со наслов „ИСИС доаѓа во Либија“ тврди:
„Црното знаме на ИСИС  лета над зградата на владата. Полициските возила имаат на себе ознака на групата. Локалниот фудбалски стадион се користи за јавни погубувања. Не се работи за  град  во Сирија или Ирак, се работи за град на брегот на медитеранот, во Либија.
Борците на ИСИС  сега потполно  го контролираат градот  Дерна, со 100.000  жители, недалеку од  египетската граница и само 300 километри јужно од   брегот на Европската  унија.
Борците го користат политичкиот хаос  за забрзано  да го прошират  своето присуство кон запад“, рекле либиските  извори за CNN“.
Но, црното знаме на Ал Каеда/ИСИС веќе летало  над Либија –  дури и во кулминацијата на интервенцијата на НАТО во 2011 година ИСИС не „дошол“ во Либија, туку веќе бил  таму во облик на локалниот огранок на Ал Каеда, LIFG и AQIM- долгорочни, огорчени непријатели на сега убиениот либиски лидер Моамер Гадафи.

Да се искористи Ал Каеда  за да се исфрлат  независните власти , а потоа или да се поделат државите, или  да се искористат како марионети против  поголемите непријатели како што се Русија, Кина или Иран. CNN признава дека присуството на ИСИС  во Либија не е  нов феномен, туку  дека горенаведените  екстремисти, кои ја напуштиле Либија за да се борат во Сирија, просто се вратиле и ја утврдиле својата положба  во источниот  регион Киренаика.
ИСИС не „дошол“ во Либија, тој излегол од Либија
Најлошо од се е издигањето на Ал каеда  во либија не е ненамерна последица од лошо одработениот план на НАТО за воената интервенција, туку однапред осмислена регионална кампања која прво теребало да се започне, а потоа Ал Каеда да се искористи како платена сила  за уништување  низа нации, почнувајќи од Либија, а потоа продолжувајќи преку северна Африка до Египет, Сирија, Либан, Ирак и на крајот Иран. Од таму, платените сили на НАТО ќе се најдат на границите  со Русија и Кина, подготвени да се придружат на веќе поддржаните екстремисти  во регионите на Кавказ и Сингјанг.
САД одамна  планирале да ја искористат Ал Каеда како платеник
Главната измама на Ал Каеда била  дека служи како заедничка  платена сила на САД и Саудијса Арабија против Советскиот сојуз. Терористичката организација исто така одиграла важна улога  на Балканот за да ја оправда тамошната НАТО интервенција.
Симор Херш во 2007 објавил дека  САД, Израел и Саудиска Арабија сковале завера за повторно да ја искористат Ал Каеда, овој пат  за ги поткопаат, дестабилизираат  и уништат владите на Сирија и Иран  за време на регионалното секташко крвопролевање.
Херш напишал дека администрациојата на Буш  одлучила да ги промени приоритетите на Блискиот исток, со желба да го поткопа Иран и дека администарцијата соработувала со властите на Саудиска Арабија (која ги претставува сунитите) во тајни операции усмерени за ослободување на Хезболак. Тој навел дека како последица на ова  дошло до  јакнење на сунитските екстремистички групи кои ја поддржуваат воената визија  на исламот и кои се однесуваат непријателски кон Америка а пријателски кон Ал каеда.
Во неговиот извештај  пишувало и дека  Роберт Баер, поранешен агент на  CIA во Либан, остро  го критикувал Хесболах и предупредил на тероризам спонзориран од Иран.

 
НАТО му помогна на ИСИС во Либија и ќе му помогне на ИСИС во Сирија
Нејасно, покрај борбата против ИСИС во Ирак и Сирија, САД сега тврдат дека прво мора да се тргне сириската власт, иако е тоа единствена држава, сила која е способна да го задржи ИСИС.
Целта не е да се спечи ИСИС ниту само да се влијае на промента на режимот во Сирија, туку Сирија како пропадната, поделена држава да се додели на терористите на користење како одскочна даска  против Иран, Русија и Кина.
Очигледното присуство на ИСИС во Либија  ја негира во потполност  нејасната стратегија која ја предложиле САД за соборување на сириската власт, а потоа спречување на ИСИС. Сириската власт, како и некогашна власт  на Моамер Гадафи се единствената ефикасна сила против ИСИС и Ал Каеда.
Морално банкротирани, злокобни и геноцидни плановите настанале во 2007 година и биле изведени  во 2011 година, што покажува дека самиот ИСИС не е најголемата закана за глобалниот мир и стабилност.
Самиот Запад кој наводно ја брани цивилизацијата всушност е главниот протагонист во уништувањето.Во 2011 година  вооружени со оружје на  НАТО,  војници  ги окупираа источните либиски градови Тобурк, Бенгази и  Дерна. До

Пронајдете не на следниве мрежи: