НАЈГОЛЕМИ МИТОВИ ЗА ХРАНАТА: Дали јајцата, лебот и маргаринот се навистина штетни?

Готово секојдневно сме сведоци на објави за нови истражувања чија тематика е влијанието на храната врз здравјето на човекот. Со оглед на тоа дека тоа прашање е од исклучителна важност за сите нас, интересот на пошироката јавност е разбирлив. Д-р Татјана Мраовиќ, која е советник за исхрана, открива некои митови и вистини за храната. Во прилог ви донесуваме некои од нив.
МИТ: Јајцата се лоши за срцето, бидејќи се полни со холестерол.
ВИСТИНА: Не, не се. Иако јајцата содржат значајно количество холестерол – од 200 до 250 милиграми во жолчката, тоа никако не значи дека во потполност треба да се елимираат од исхраната. Околу 30% од холестеролот во крвта доаѓа од храната, а 70% произведува црниот дроб, претворајќи ги заситените масти од храната во холестерол. Затоа, заситените масти и транс масти, значително повеќе влијаат на нивото на холестерол во крвта. Големо јајце содржи два грама заситени масти (10% од препорачаното дневно количество), а транс масти воопшто нема. Со тоа, јајцата се храна која заситува, со високо вредни белковини, а жолчките содржат лутеин и зеаксантин – материи кои го намалуваат ризикот од старечка макуларна дегенерација, водечки предизвикувач на слепило кај лицата постари од 50 години. Затоа се препорачува консумација на варени јајца, или да се внесуваат како дел од разни салати со зеленчук.

МИТ: Јаглехидратите дебелеат, посебно компирите и лебот.
ВИСТИНА: Јаглехидратите сами по себе немаат никаква директна врска со прекумерната тежина. Се дебелееме кога внесуваме повеќе калории отколку што трошиме. Консумацијата на големи количества храна која содржи рафинирани јаглехидрати, како што се белиот леб, тестенините и крофните, секако можат да ја зголемат тежината и ризикот од инфаркт. Но, „добрите јаглехидрати“, кои ги има во интегралните житарки, посебно во јачменот, зобот, хељдата или кај мешунките, се главен извор на енергија и потребни хранливи состојки. Компирот е исклучителен извор на витамин Ц и Б6, влакна и манган, а посебно на калиум. Составен дел е од исхраната на нашите простори и никако не треба да се избегнува.
МИТ: Маргаринот е нездрав хемиски производ полн со опасни транс масни киселини.
ВИСТИНА: Една од состојките во производството на маргаринот, порано се добивала со процес на хидрогенизација и содржела транс масни киселини. Меѓутоа, веќе со години се користат поприродни, поиновативни и помалку процесирани суровини во неговото производство, поради што маргарините денес не содржат транс масти, а богати се со незаситени масни киселини кои имаат низа позитивни ефекти врз здравјето и се сметаат за „добри“ масти. Исто така, тие се збогатени со витамините А, Д и Е и не содржат холестерол.
Маргарините во просек имаат 7-10 состојки што им се познати на сите, кои во различни комбинации се појавуваат и во мноштво други видови на храна. Кога е во прашање здравјето на срцето, маргаринот има предност над путерот зашто се состои од растителни масла и не содржи холестерол. Маргаринот исто така, има поголем дел „добри“ маснотии, како што се полизаситените и монозаситените. Овие масти помагаат при намалувањето на „лошиот“ холестерол.Д-р Татјана Мраовиќ, која е советник за исхрана, открива некои митови и вистини за храната. Во прилог ви донесуваме некои од нив.
М

Пронајдете не на следниве мрежи: