НАЈГОЛЕМИОТ ИЗМАМНИК ВО ИСТОРИЈАТА: Заработил милиони со помош на една лага!

Пред скоро 200 години, еден Шкот ја изведе веројатно најголемата измама во историјата на човештвото!Грегор Мекгрегор е поранешен војник и авантурист, кој во 1820 година успеал да дојде до големо парче земја во Средна Америка, област од денешен Хондурас.
Земјата наводно ја добил како принцот на Појаис – земја за која никој претходно не слушнал. Мекгрегор својата земја ја нарекол Појаис, а себеси се прогласил за нејзин принц (го преферирал името: Cazique of Poyais).
Откако по патувањето во Америка се вратил во Велика Британија, веднаш започнал со „маркетингшка кампања“ за да привлече инвеститори и колонијалисти во својата земја. Според неговите зборови, Појаис, која била малку поголема од Велс, била земја на „мед и млеко“. Плодна почва, студени реки преполни со злато, густи шуми со многу егзотични плодови и диви животни, пишува Би-Би-Си.
Тој играл и на „машкоста“ на своите сограѓани, така што објавувал огласи кои ги величеле авантурите и храброста на оние кои ќе се осмелат да одат во нови походи, па тврдел дека морале да вложат пари во експедицијата додека сѐ уште можат.

Мекгрегор им ветувал „Рај на земјата“ на инвеститорите на кои им продавал приказна дека ќе бидат пример за сите луѓе и дека е битно што е можно побрзо да реагираат. Во случај ако некој не му верувал, со себе носел книга за предностите на малата островска нација, која наводно ја напишал извесен капетан Томас Стренџвејс, а се работело за негова творба.
Исто така, Мекгрегор печател лажни пари кои им ги давал на инвеститорите. Тактиката успеала!
Мекгрегор собрал 200.000 фунти готовина и речиси 1.3 милиони фунти во обврзници (денес тоа би било еквивалент на 3.6 милијарди фунти). На крајот од 1822 и почетокот на 1823 година започнале првите две експедиции кон Појаис, поточно 250 ентузијастични идни доселеници. Но, откако пристигнале таму, нашле сосема поинаква ситуација од ветената. На брегот немало пристаниште, населби или патишта, земјата била непогодна за обработка, а од реките со злато немало ни трага ни глас.
Неподготвените Шкоти почнале да умираат еден по друг, сè додека преостанатата третина не ја спасил брод кој ги одвел во Белизе.
Во Велика Британија се вратиле само 50 луѓе, па весниците набрзо почнале да пишуваат за големата измама (иронично, некои од преживеаните авантуристи и понатаму го бранеле Мекгрегор, префрлајќи ја вината на други организатори на експедицијата).
Тој успеал да избегна во Франција каде што повторно почнал да ја продава истата приказна, но тамошните власти веднаш го прочитале и го затвориле.
Потоа накратко се вратил во Единбург од каде што можел брзо да бега. Се вратил во Средна и Јужна Америка, каде што во 1845 година починал.
Појаис, како што Мекгрегор ја нарекувал ветената земја, до ден денес останала неосвоена и напуштена дивина.Грегор Мекгрегор е поранешен војник и авантурист, кој во 1820 година успеал да дојде до големо парче земја во Средна Америка, област од денешен Хон

Пронајдете не на следниве мрежи: