Најголемиот критичар на Путин се соочува со затворска казна

Судот во Москва го осуди денеска остриот критичар на Кремљ, Алексеј Навални на условна казна затвор во траење од три и пол години, додека неговиот брат Олег добил затворска казна со исто траење, но не условна, поради евентуална проневера на пари.Навални, кој ги предводеше протестите против рускиот претседател Владимир Путин во 2011 и 2012 година ги повика пред судницата своите приврзаници да излезат на улица и да го урнат режимот на Путин.
 
Пресудата требаше да биде изречена следниот месец, но судот неочекувано вчера соопшти дека денеска ќе изрече пресуда, што предизвика шпекулации дека судот се одлучил на тој чекор за да се избегнат протестите, кои ги најавија неговите приврзаници.
 
Навални, заедно со неговиот брат Олег е обвинет дека француската козметичка компанија „Ив Роше“ ја измамил за речиси 27 милиони рубqи (повеќе од половина милион долари), иако од фирмата тврдат дека не претрпеле штети.Навални, кој ги предводеше протестите против рускиот претседател Владимир Путин во 2011 и 2012 година ги повика пред судницата своите приврзаници

Пронајдете не на следниве мрежи: