Најголемите недостатоци на порно филмовите

Loading...

Секој има свое мислење, па така додека едни ги мразат порно филмовите други се зависни од нив. Но, сепак сите ќе се сложиме околу едно, порно филмовите имаат свои добри но и лоши страни.
Најголемите три недостатоци на порно филмовите се :
Нереални очекувања
Актерите во порно филмовите не го отсликуваат реалниот живот. Постојаното гледање порно филмови доведува до тоа да мажите и жените што ги гледаат подоцна имаат нереални очекувања од сексот. Нерални очекувања во смисла на тоа како нивниот партнер би требало да изгледа и да се однесува за време на сексот. Затоа не заборавајте дека во порно филмовите сепак учесниците се само актери.

Десензибилизација
Заради премногу порнографија може да се развие одредена десензибилизација спрема абнормална сексуална пракса. Нормалните парови немаат сексуален живот каков што имаат актерите во порно филмовите. Според одредени истражувања порнографијата има огромно влијание врз некој гледачи, па тие имаат постојана потреба од сексуални експрименти.

Зависност
Најголем број на личности што се зависни од порнографија имаат проблем со зависноста од интернет порнографија. Интернетот ја прави порнографијата достапна постојано. Зависниците од порнографија имаат чувство на пријатност додека гледаат порно филмови, па затоа желбата за гледање порно филмови  постојано им се зголемува. Имено, се смета дека интернет порнографијата го  зголемува  бројот на  зависници од порнографија.

 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Секој има свое мислење, па така додека едни ги мразат порно филмовите други се зависни од нив. Но, сепак сите ќе се сл

loading...