Можеби девојките мислат дека само тие имаат проблем и недоразбирања поради кои сакаат да можат да им влезат на мажите во глава, но и мажите имаат свои стравови.1. Сака да зборува за сексот уште на почеток на врската, но не знае како
Кога би можел уште на првиот состанок да постави прашање за тоа што ја возбудува девојката и каков секс сака, таа веројатно би побегнала без оглед на сè и би помислила дека има работа со некој сексуален манијак.
2. Поважно му е која си и каква си, отколку што работиш
Кога зборуваш за тоа кој факултет си го завршила или како си ја добила работата, тој е среќен заради тебе, но нема поради тоа да посака да биде со тебе. Тој повеќе те цени како личност тебе, отколку твоите работни успеси. Сепак, на почеток на врската нема да ви го каже тоа, бидејќи му е непријатно да ти забележува уште на почетокот.
3. Се плаши дека си заинтересирана само за едно нешто
Жените мислат дека тоа е сексот, а мажите се плашат дека тоа се парите. Негова ноќна мора е дали ќе го третирате како полн паричник или како обичен човек.
4. Понекогаш не знае како треба да се однесува
Девојки, ако на работа сакате да бидете рамноправни со мажите, а на љубовниот состанок очекувате дека тој ќе го преземе водството, тој повторно ќе биде збунет. На мажите понекогаш не им е јасно како да ги протолкуваат сигналите кои ги добиваат.
5. Тешко му е бидејќи секогаш мора да биде иницијатор
Се однесува како да му е сеедно, но само затоа што нема избор. Тој секогаш мора да биде подготвен за лов, да иницира и да го презема ризикот да биде одбиен.
6. Се плаши дека ќе го загуби идентитетот и слободата
Мажот не се плаши дека ќе се заљуби во некоја девојка и дека ќе остане со неа до крајот на животот, туку се плаши дека врската ќе се претвори во затвор поради што ќе престане да ги прави работите што ги сака.1. Сака да зборува за сексот уште на почеток на врската, но не знае како
Кога би можел уште на првиот состано