Најголемо археолошко откритие на 21. век: Пронајдена е гробницата на царицата Нефертити?!

Египетскиот министер за историски споменици Мамдух ал-Дамати изјави: „Сега веќе е извесно дека зад гробницата на Тутанкамон се наоѓа уште една. Доколку тоа се потврди и ако тоа навистина биде гробницата на Нефертити – тоа ќе биде најголемото археолошко откритие во 21. век“.Египетските власти изјавија дека со употреба на радар било утврдено дека постои 90% шанси дека во гробницата на фараонот Тутанкамон во Луксор постои скриена одаја.
Ако се потврди оваа претпоставка, тоа би ѝ одело во прилог на теоријата дека во 3.300 години стариот мавзолеј постои и гробот на кралицата Нефертити.
Британскиот египтолог Николас Ривс, неодамна ја изнесе теоријата дека во мавзолејот на Тутанкамон е скриена гробницата на Нефертити.
Ривс нагласува: „Досегашните скенирања укажуваат на тоа дека гробницата на Тутанкамон има продолжение. Зад северниот ѕид откривме слободен простор. Според моите пресметки, таму се наоѓа гробница. Тука мора да лежи царицата Нефертити. Тутанкамон починал одеднаш и мораше да биде погребан во гробница која не беше наменета за него. Затоа чуварите на култот морале да ја отворат гробницата на Нефертити која починала десет години порано и во неа да ја сместат мумијата на младиот фараон чиј мавзолеј сѐ уште не бил изграден.“
Нефертити му била сопруга на фараонот Аменхотеп Четврти (Ехнатон) и до денес се смета за една од најубавите жени во светот.
Меѓутоа, нејзината мумија сѐ уште не е најдена.
Некои египтолози сметаат дека во тајната гробница можеби се наоѓа и мумијата на Каја, мајката на Тутанкамон.Египетските власти изјавија дека со употреба на радар било утврдено дека постои 90% шанси дека во гробницата на фараонот Тутанкамон во Луксор посто

Пронајдете не на следниве мрежи: