Најлесен начин да ги надминете пеколните горештини и да останете здрави, Органски Базар – Скопје Сити Мол

Најлесен начин да ги надминете пеколните горештини и да останете здрави, Органски Базар – Скопје Сити Мол, најздравите работи и овој четврток на едно место!Скопје (09.07.2015), Консумацијата на овошје и зеленчук во летниот период е најважна. За овој период, во кој преовладуваат доста високи температури, нутриционистите препорачуваат што посвежа храна збогатена со многу витамини и минерали.
За таа цел и овој четврток, повторно, Органскиот Базар во Скопје Сити Мол продолжува да биде местото каде што може да се пронајдат сите органски најсвежи производи, полни со сите најпотребни витамини и минерали за овој период. Локација каде што сите органски производители се на едно место. Како и секој четврток така и овој сите граѓани ќе може да купат се’, за на здрав начин да се освежат и да го збогатат своето здравје, својот изглед и трпеза.

И денес сите производители на органски продукти се на едно место, доближување на здравата храна до сите оние кои се во потрага по неа. Органско овошје и зеленчук, органски производи и козметика, сето ова ќе може да се купи во Скопје Сити Мол и денес, од 10 до 22 часот. Влезот за Органски Базар е веќе добро понат, Скопје Сити Мол од страната на ул. Манапо ( од страната на Карпош 3).Скопје (09.07.2015), Консумацијата на овошје и зеленчук во летниот период е најважна. За овој период, во кој преовладуваат доста високи температури

Пронајдете не на следниве мрежи: