Членовите на древните крвни лози станувале и денес стануваат претседатели на држави и премиери и се наоѓаат на чело на најважните банкарски и останати институции и организации. Во вчерашниот прв дел прочитавте повеќе за тоа кој е Алберт Пајк и на кој начин во светот се создаваат владите, но и најголемите безбедносни организации – НАЈЛУДА ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР: Со светот управува семејство со посебна ДНК, која не постои на ЗЕМЈАТА – I дел. Во денешниот втор дел ќе прочитате повеќе за посебната ДНК, како и за кралската лоза – Буш. Трагата на Илуминатите се следи илјада години наназад, се до Сумерите, Вавилнците, Египќаните, се до тоа што го нарекуваме „праисторија“, наведува Дејвид Ајк.
Позади случајните светски настани секогаш стоела некоја тајна илуминатска мрежа, која ја создале древните меѓусебно поврзани крвни лоз и нивните ограноци, кои денес се предводени од елитни семејства, основани на ДНК хиерархија. Тука спаѓаа семејствата Ротшилд, Рокфелер и др, вели Ајк.
„Тоа што е занимливо е дека илуминатските семејства го прават тоа и денес. Зошто? „Боженствената“ крвна лоза од древниот Вавилон (денешен Ирак), Египет и другите делови на светот се распрострени по Европа и така стана кралски и аристократски семејства кои владееле со тој контитент и најголем дел од остатокот на светот преку Британското царство, како и Франција, Белгија, Холандија. Кога луѓето ќе почнеле да даваат отпор и одбиваат отворена диктатура на кралските власти, крвните лози почнувале да дејствуваат во тајност“, вели Ајк.
Кралската лоза – Буш
„Да ги земеме за пример САД и претседателите на овие држави. Денес таму живеат повеќе од 280 милиони луѓе, а од времето кога слободниот ѕидар Џорџ Вашингтон во 1789 година бил инаугуриран за прв претседател на САД живееле уште многу стотина милиони. Американската нација е создадена од различен генетски материјал од целиот свет. Ако тоа е навистина „земја на слободата“ во која секој може да стане претседател, за очекување е дека американските претседатели претставуваат симбол на генетска разновидност. Како да не! Претседателите на САД се припадници на кралски семејства исто како и во Европа, од каде што потекнуваат нивните лози“, тврди Ајк.
Овој теоретичар на заговори вели дека од досегашните 44 претседатели, 34 можат да се поврзат со Карло Велики (742-814), кој бил припадник на илуминатската лоза и најпознат владател на државите кои денес ги нарекуваме Франција.
Според зборовите на Ајк, еден од бројните генелошки извори кои носат светлина на ова „кралско потекло“ на американските претседатели е т.н. „Burke’s Peerage, која се занимава со генеалогија на кралските семејства и аристократии.
„Во 1996 година, во текот на кампањата за избор на претседател, во која учествуваа Бил Клинтон и Боб Дол, објавено е дека на сите претседателски избори во историјата на САД победувал кандидат, кој имал најмногу „кралски“ гени. Клинтон, кој го победил Дол како и противзаконскиот избор на Џорд Буш наместо Ал Гор во 2000 година, претставува само продолжување на таа низа. Во соопштение на агенцијата Ројтерс од 17-ти октомври 2000 година, претставник Бурковата книга за племиња потврди дека Буш и Гор поседуваат „невообичаено“ голем број од овие врски, но дека Буш има посилни врски. Буш по крвно сродство е поврзан со сите европски монархии и со сите припадници на британските кралски семејства“, вели Ајк.
Гери Бојд Робертс од генеалошкото друштво „Нова Англија“ од Бостон, е еден од најистакнатите авторитети на подрачјето на кралското потекло на американските претседатели и потврдува дека Џорџ Буш е во сродство со британското кралско семејство и тоа датира уште од кралот Хенри I неговиот син Вилијам Освојувачот, тврди Ајк. Трагата на Илуминатите се следи илјада години наназад, се до Сумерите, Вавилнците, Египќаните, се до тоа што го нарекуваме „праисторија&ldquo