Најмалку 11 лица загинаа при напад врз рефинерија во Ирак

Најмалку 11 лица загинаа, а 21 беа ранети денеска при напад врз рафинерија за преработка на природен гас во ирачкиот град Таџи, на 27 километри северно од Багдад.Според ирачката полиција, нападот започнал со експлозија на автомобил-бомба пред влезот на рефинеријата, по што во објектот упаднале најмалку шестмина вооружени напаѓачи кои носеле појаси со експлозиви на себе.
Безбедносни извори соопштија дека полицајците што ја обезбедувале рафинеријата отвориле оган врз напаѓачите, кои возвратиле  на огнот, ранувајќи најмалаку 15 полициски припадници.
По упадот напаѓачите го активирале експлозивите, предизвикувајќи пожари во три депоа за гас. Локалните медиуми јавија дека од рафинеријата се крева густ чад.
Досега никој не презеде одговорност за нападот, но властите претпоставуваат дека тој е дело на џихадистичката група Исламска Дрвава, која последниве месеци претрпе сериозни загуби во борбите со владините сили и се повлече од голем дел од територијата во Ирак што беше под нејзина контрола.Според ирачката полиција, нападот започнал со експлозија на автомобил-бомба пред влезот на рефинеријата, по што во објектот упаднале најмалку

Пронајдете не на следниве мрежи: