Најмалку 37 загинати при протест на буриндски бегалци во ДР Конго

Најмалку 37 лица загинаа во градот Каманиола во источниот дел на Демократска Република Конго, кога припадници на владините сили отворија оган врз група буриндски бегалци, кои протестираа против одлука на властите во Киншаса за нивно враќање во Буринди.Како што соопшти денеска Мисијата на ОН во оваа африканска земја, при судирите се ранети и околу 120 лица.
Армијата на ДР Конго пак информираа дека при немирите загинале шестмина нејзини припадници.
Немирите во Каманиола, каде се сместени околу 2.000 од вкупно 44-те илјади лица кои од Бурунди побегнаа во ДР Конго, започнаа во петокот, откако властите донесоа одлука за нивна депорација во матичната земја.
Од април 2015 година, кога во Бурунди избувнаа судири меѓу приврзаници на опозицијата и на шефот на државата Пјер Нкурунизиза поради неговата одлука да се кандидира за трет претседателски мандат, од земјата во соседните држави побегнаа околу 400.000 лица.Како што соопшти денеска Мисијата на ОН во оваа африканска земја, при судирите се ранети и околу 120 лица.
Армијата на ДР Конго пак информи

Пронајдете не на следниве мрежи: