Најмладата жртва која го победила ракот на града има само 8 години

Loading...

Малата Криси Тарнер имала само осум години кога  бил дијагностициран секреторен карцином на дојка, редок облик на рак од кој заболува еден од милион луѓе.За среќа, го победила благодарение на брзата реакција на своите родители кои сега имаат само една мисија: да ги предупредат другите на огромната важност од рано дијагностицирање на болеста затоа што е тоа најсигурниот начин кој ги зголемува шансите за оздравување.

Криси преживеала токму поради упорноста на нејзините родители кои иако докторите им велеле дека не станува збор за ништо опасно со оглед на младоста на девојчето, инсистирале на повеќе мислења. На крајот, третиот лекарски тим кадешто се обратиле ги направил сите испитувања и ја утврдил црната дијагноза.
Сепак, девојчето ја победило болеста и тоа без хемотерапија затоа што лекарите успеале на време да ѝ направат квалитетна мастектомија, пред да успеат клетките на туморот да се прошират на лимфните јазли.
Се верува дека токму Криси е најмладата жртва со оваа дијагноза и токму затоа што е толку млада, таа и нејзините родители се одлучиле на својата животна мисија: да ги предупредуваат другите да не бегаат од своите стравови, туку уште со првиот сомнителен знак да проверат за што станува збор. Тоа е единствен начин да го спасите на време својот живот, или пак да го остраните непотребниот сомнеж.
 За среќа, го победила благодарение на брзата реакција на своите родители кои сега имаат само една мисија: да ги предупредат другите на огромната ва

loading...