Најмладите во посета на „Куќа на фудбалот“ – Бесценето

Отворениот ден во „Куќата на фудбалот“ го посетија децата од две скопски градинки, „Бубамара“ и „Срничка“. Најмладите љубители на фудбалот имаа можност да се запознаат со комплексот на Фудбалската федерација на Македонија, да ја почувствуваат работната атмосфера во административната зграда и да разговараат со луѓето од ФФМ кои на различни начини ги подготвуваат фудбалските активности. 
 Дечињата од двете скопски градинки на еден од четирите терени го посетија тренингот на младите фудбалери од Академијата на ФФМ, ги видоа и се запознаа со условите во кои работат и се организираат тренинзите, го посетија фитнес центарот, одделот за складирање и чување на целокупната опрема, потоа работните простории на администрацијата и на селекторите во националните тимови.
 
„Најголемата радост за нас кој го организираме фудбалот во Македонија е кога гледаме деца со фудбалска топка и родители или учители кои ги бодрат. Со промоцијата на спортот создаваме нови талентирани генерации, но и здраво општество. Спортот игра важна улога во развојот на нашето општество, затоа сонувајте да станете како Пандев или Новески и негувајте ги здравите вредности, рече Филип Поповски, генерален секеретар на ФФМ.Дечињата од двете скопски градинки на еден од четирите терени го посетија тренингот на младите фудбалери од Академијата на ФФМ, ги видоа и се запоз

Пронајдете не на следниве мрежи: