Најмногу се лажирало во Турција и Германија, Македонија ја нема на листата

Откако Европската полиција (Европол), во понеделникот, објави дека, поради лажирање, под истрага се 380 натпревари, започнаа шпекулациите, во која земја се одиграни најмногу од сомнителните натпревари.
Според „Гардијан“ најмногу од натпреварите кои се под истрага на Европол се одиграни во Турција, Германија и Швајцарија.Кога станува збор за регионот сомнителни натпревари се одиграни во Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.За разлика од „Гардијан“, италијанската „Газета“ се занимава со бројки, Македонија не се споменува во нејзиниот извештај, а наводно најмногу се лажирало во Хрватска (18 натпревари), а потоа во Босна и Херцеговина и Словенија (по седум натпревари), под истрага се и два натпревара во Црна Гора.Наводно, најмногу се местело во Турција (79 натпревари) и Германија (70 натпревари), со тоа што Фудбалската лига на Германија, не соопштува дали се во прашање натпревари од Бундес лигата или од Втората лига – Цвајта.Во Унгарија, веќе се уапсени 50 лица, во оваа земја се шпекулира дека биле наместени 20 натпревари, меѓу кои е и натпреварот од Лигата на шампиони, кој во 2009 година го одиграа Ливерпул и Дебрецен.Инаку, низ целиот свет, постои сомнеж дека биле лажирани околу 700 натпревари,а Европол, наводно има докази за половина од нив.
 
МакфаксОткако Европската полиција (Европол), во понеделникот, објави дека, поради лажирање, под истрага се 380 натпревари, започнаа шпекулациите, во

Пронајдете не на следниве мрежи: