Имено, според овој документ, во периодот од 2015 до 2017 година, САД има намера да вложи 10 милијарди долари во т.н. процес за ширење на демократија во Русија, а вкупната сума која е предвидена за сите операции, вклучувајќи го и јакнењето на воените капацитети на НАТО во Европа и Евроазија, како и воената соработка со другите земји во Европа и Евроазија, изнесува 30 милијарди американски долари.Популарниот руски портал Континенталист посочува дел од овој документ, во кој главната цел е да се симне Владимир Путин од власта.
Документот се занимава и со Србија, но и Косово, а НАТО јасно го дефинира планот на соработка помеѓу останатите земји со косовската војска.
САД планира да ја стави Србија во низата земји кои Русија веќе ги има означено како потенцијална закана за НАТО, а тоа се: Украина, Грузија, Молдавија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Косово.
Со овој документ САД официјално го потврди она што Русија веќе со години го тврди, а Белата Куќа го негира, а тоа е дека ширењето на воената соработка со европските земји има директен антируски карактер и дека дејствувањата на НАТО алијансата низ Европа се директно насочени против Русија.
Документот е обемен, но под точката 304 се дефинира воено безбедносната соработка со земјите кои не се членки на НАТО, а меѓу нив се наоѓа и Србија.
Во рамките на дејствување на овој нов европски НАТО фонд, стои и план за билатерална и мултилатерална соработка на набројаните земји и извесно е дека пред српските власти за време на 2015 година, ќе дојдат и барања за заеднички воени вежби и други видови на соработка. Според веќе видениот рецепт, најверојатно е дека ќе се отпочне со мултилатерални видови на соработка, каде што покрај сите набројани земји полека би се појавувала и војската на Косово.
Инаку, документот е предложен од страна на едниот од најголемите антируски политичари во Америка, Џон Мекејн, а на него работеле уште 26 републиканци.Популарниот руски портал Континенталист посочува дел од овој документ, во кој главната цел е да се симне Владимир Путин од власта.
Документ