НАЈНОВО: Мечевска е приклучена на апарати за дишење!

Робертина Мечевска се наоѓа на КАРИЛ и е приклучена на апарати за дишење. 30 годишната репрезентативка е оперирана и санирана и е слезината, но борбата за нејзиниот живот продолжува, објави Канал 5.Директорката на КАРИЛ Тања Спировска изјави дека Мечевска има многу скршеници, нагмечување на белите дробови и серизони повреди на рбетот и ребрата.
Мечевска се здоби со тешки повреди по пад од петтиот кат од нејзиниот стан во скопската населба Аеродром. Синоќа полицијата и јавен обвинител извршија увид на местото на несреќата и засега нема индиции дека се работи за насилна смрт. Во моментот на падот, во станот биле и нејзините родители.
Ракометарките на нејзиниот матичен клуб Вардар се огласија со соопштение.
– Ситуацијата е сериозна, а ние како клуб сме во постојан контакт со сите доктори кои се грижат за нејзиното здравје.Робертина е дел од семејството на Вардар, репрезентативец на Македонија, голем борец, и веруваме дека ќе успее да се опорави и да го надмине овој тежок период во нејзиниот живот.Директорката на КАРИЛ Тања Спировска изјави дека Мечевска има многу скршеници, нагмечување на белите дробови и серизони повреди на рбетот и ребрата

Пронајдете не на следниве мрежи: