Фејсбук се здружи заедно со компаниите кои се занимаваат со проиводство на антивируси и други безбедносни софтвери, Trendi Micro и F-Secure, за во својата социјална мрежа да интегрира технологија со чијашто помош корисникот ќе биде побезбеден. Целта на ова е да се пронајде и отстрани malware од компјутер од кој корисникот се логира.
„Работевме со F-Secure и Trend Micro компаниите за да вградиме бесплатен antimalware софтвер директно во постоечкиот систем за откривање на злоупотреба и нивно спречување. Кога корисникот ќе се логира од уред кој е загрозен, на екранот ќе добие известување за постоечкиот проблем. На него ќе се наоѓа препорака дека со помош на програмите на овие две комапнии може да го скенира и исчисти компјутерот од вируси“, изјави софтверскиот инженер на Фејсбук, Четан Говда.
Корисниците не се обврзани да користат еден од овие два сервиси, меѓутоа се препорачува.
Во текот на скенирањето и отстранувањето, корисниците ќе можат нормално да продолжат со користење на Фејсбук и други сервиси. Кога скенирањето и „чистењето“ ќе заврши, на Фејсбук ќе излезе известување во кое ќе се наоѓаат и резултатите од скенирањето.
Оваа опција ќе се појави наскоро и претставува еден од многуте начини на кои оваа социјална мреже се бори против хакерите.Целта на ова е да се пронајде и отстрани malware од компјутер од кој корисникот се логира.
„Работевме со F-Secure и Trend Micro компа