НАЈНОВО ОТКРИТИЕ: Ова никако не требаше да го видиме!

Новото истражување на Центарот за вселенски летови на НАСА – Goddard, покажа дека големи количества на хемикалии се одговорни за уништување на озонската обвивка и покрај тоа што постојат меѓународни забрани за ослободување на истите во атмосферата.Новите мерења покажуваат дека и покрај протоколот од Монтреал, кој ја ограничува употребата на хемикалии кои се штетни за озонската обвивка, емисијата на јаглерод тетрахлорид (CCl4) и понатаму продолжува. Според протоколот и спогодбата, тие емисии би требало да бидат еднакви на нула, но мерењата на НАСА покажуваат дека во атмосферата годишно се исфрлуваат околу 39 килотони јаглерод тетрахлорид.
Станува збор за 30% емисија кои се повеќе од дозволеното.
Наведениот протокол од Монтреал е усвоен во 1987 година и насочен е кон укинување на емисии на хемикалии кои ѝ наштетуваат на озонската обвивка. Во 2007 година, преку 200 потписници на тој протокол пријавиле дека не забележале ослободување на тие штетни хемикалии во атмосферата.

Но, реалноста е поинаква.
„Ова воопшто не треба да се случува. Сега е јасно дека постојат непознати индустриски ослободувања, ослободувања од контаминираните подрачја или некои непознати извори на CCl4“, истакнува Куинг Лианг, атмосферски научник.
Озонската обвивка во стратосферата ги штити живите суштества на Земјата од штетното ултравиолетово зрачење на Сонцето, додека штетните хемикалии прават дупка во него над Антарктикот. Ова нарушување е забележано во 1985 година.
Иако работите се подобриле од потпишувањето на протоколот, озонската дупка сѐ уште постои. Според проценките на NOAA, доколку се намали испуштањето на штетните хемикалии, озонската обвивка во потполност ќе се опорави.
Новите мерења покажуваат дека и покрај протоколот од Монтреал, кој ја ограничува употребата на хемикалии кои се штетни за озонската обвивка, емисиј

Пронајдете не на следниве мрежи: