Најомразената Хрватка на светот: Еве зошто уживам во убивањето животни

Јасин Јадрешко, Канаѓанка со хрватско потекло, професионално се занимава со лов, а на својот Фејсбук профил се пофалила дека досега убила неколку стотини животни. За својата страст, за која ја осудуваат милиони луѓе, зборувала за “Channel Four” во документарецот “Жени кои убиваат лавови” во кој заедно со Американката Ребека Френсис зборувала како ловот ја исполнува и им дава “неверојатно чувство на слобода”.
Јадрешко е ќерка на милионер, а во Хрватска минатата година неколку илјади луѓе потпишале петиција да престане да се занимава со лов.

Јасин тврди дека нејзиниот најгорд момент во животот било кога убила лав. Во документарецот Јадрешко се потсетува дека богатите родители и дале 16.000 долари да оди во Африка и да убие лав “пред тоа да биде забрането”.
– Го застрелав со три куршуми. Го погодив во гради, при што се заврте барајќи од каде доаѓа куршумот. Следниот куршум го урна и беше мртов, рекла таа и додала дека не ја интересира тоа што некои луѓе не го одобруваат тоа што се занимава со лов.

 
Исто така изјавила дека го јадела лавот кој го убила и дека не ѝ е срам тоа да го признае.
– Многу сум страсна кога станува збор за животните и ловот е дел од тоа. Ние јадеме месо. Јас сум месојад и ловец и тоа за мене е природно. Можам да кажам дека сум пробала месо скоро од секое животно кое сум го уловила, завршува Јадрешко.
За својата страст, за која ја осудуваат милиони луѓе, зборувала за “Channel Four” во документарецот “Жени кои убиваат лавови&rdqu

Пронајдете не на следниве мрежи: