НАЈОРИГИНАЛНО ДОСЕГА: Е, вака се вади заб!

Американскиот професионален борач Роберт Аберкромби, познат како „Отровниот Роб“, покажа дека покрај боречки има и стоматолошки вештини, а видео од таа негова „способност“ за кусо време стана интернет хит.Имено, „Отровниот Роб“ решил да му помогне на неговиот осумгодишен син да го извади млечниот заб што се нишал, на единствен и оригинален начин.
Како што јави „Скај Њуз“, едниот крај од јажето Роб го врзал за забот, а другиот за неговиот „Шевролет Камаро“, по што нагазил на гаста на автомобилот. Планот се покажал успешен.
– Падна, изјава неговиот син, а како доказ пред камерата ја покажа дупката во неговата насмевка.
Таткото изјави дека не очекувал оти видеото ќе биде толку популарно, но призна дека помалку и стравувал додека ја притискал гаста.
– Не сакав да летнат камчиња што ќе го удрат по лицето, призна искрено „Отровниот Роб“.Имено, „Отровниот Роб“ решил да му помогне на неговиот осумгодишен син да го извади млечниот заб што се нишал, на единствен и оригинале

Пронајдете не на следниве мрежи: