Најпопуларниот кремаст колач во Америка: ЌЕ БАРАТЕ РЕПЕТЕ!

Ќе се изненадите колку лесно се подготвува:Потребни состојки
За кора:
2 шолји шеќер
4 јајца
2 ½ шолји брашно
1 шолја млеко
¾ шолја масло
2 ¼ кесички прашок за пециво
1 лажичка екстракт од ванила
Крем:
2 пудинга од ванила подготвени според упатството на кесичката
Глазура:
240 гр чоколадо
1 шолја слатка павлака

 
Подготовка:
Шеќерот и јајцата изматете ги со миксер додека не добиете пенаста смеса, додадете го брашното со прашокот за пециво, млекото, масло и ванила, па се добро изматете. Истурете ја смесата во правоаголна тепсија или огноотпорен сад кој сте го подмачкале и печете на температура од 175С, 30 – 40 минути.
Штом ќе ја извадите кората од рерна, избодете ја да направите дупки низ целата. Пудингот згответе го според упатството, оставете да се излади па прелијте преку кората и оставете да се лади.
За глазурата, исецкајте го чоколадото и ставете го во огноотпорен сад. Павлаката ставете ја на шпорет да се загрее до точка на вриење, прелијте преку чоколадото, оставете 2 минути, па се измешајте додека не добиете течна и глатка глазура. Веднаш прелијте преку колачот и оставете да се лади.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети, здрави напитоци и сл. може да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук.Потребни состојки
За кора:
2 шолји шеќер
4 јајца
2 ½ шолји брашно

Пронајдете не на следниве мрежи: