Ванѓа е жена од најпознатите и најчудните личности во историјата на Балканот. Таа била слепа, а своите специјални моќи ги открила дури на триесетгодишна возраст, кога започната Втората светска војна…Подолу ќе ги најдете линковите кон претходните два дела од најважните предвидувања на Ванѓа. Ние се обидовме да опфатиме повеќе елементи од нејзиниот живот за да ви ја доближиме нејзината приказна што повеќе. И сега за третиот и последен дел ни остана уште и да ги напброиме некои од предвидувањата кои допрва треба да се случат…
Па еве што не чека. Во 2014 голем дел од човештвото ќе пати од чиреви и болести на кожата. Дел од нив ќе бидат предизвикани од хемиско оружје.
Во 2016 година Европа ќе биде празна. За да во 2018 нова сила во светот стане Кина. Во 2023 пак ќе се измести орбитата на планетава; 2028 ќе пронајдеме нов избор на енергија, и ќе се упатиме кон Венера; 2033 ледот на половите ќе се стопи, а ќе се зголемат океаните.
Во 2043 со Европа ќе владеат целосно муслиманите, а три години подоцна веќе ќе може да се сменат човечките органи целосно.
Американците ќе го нападнат муслиманскиот Рим во 2066 и ќе го применат своето моќно оружје за промена на климата.
Две децении подоцна ќе се појави нова болест, остарување за неколку секунди. Болеста ќе биде победена во 2097. Потоа во 2111 луѓето веќе ќе станат киборзи, односно измешани со машините…
Нешто потоа, во 2130 ќе имаме наши населби под водата, во соработка со вонземјани…
Ова е интересно. Наша колонија на Марс станува нуклеарна сила и бара независност од планетата. Тоа се очекува во 2183 година. А неколку години подоцна научниците ќе успеат да спречат ерупции на два најголеми вулкани на планетава…
Нешто подоцна ќе стане возможно патување и низ времето. Ќе имаме нови контакти со вонземјани. И така натака… Да се надеваме дека вака фантастичен ќе биде навистина периодот што следи.
Ако тогаш постои некаква архива на текстови нека го извадат овој и нека споредат. Којзнае како ли навистина ќе биде.Подолу ќе ги најдете линковите кон претходните два дела од најважните предвидувања на Ванѓа. Ние се обидовме да опфати