Најпознатите секти во Македонија кои влеваат страв кај народот!

Loading...

Најпознатите секти во Македонија кои влеваат страв кај народот!Некои сеуште се прашуваат што е тоа секта? Дали е организација со различни сфаќања од останатите, која на различен начин преку ритуали ги прикажува тие свои сфаќања, дали е организација која на големо „пере“ пари, со придобивање на нови членови, или е болна појава на човековиот ум за која сеуште нема научно сфаќање, а и лек?
Која и од овие работи да одбереме и да кажеме дека сектата е тоа, ќе згрешиме, бидејќи и самите секти, различно се претставуваат во зависност од своите сфаќања и цели.
Дали во Македонија има секти, дали се познати на јавноста и дали се опасни за младината?
Одогворот на овие прашања е дека во Македонија дефинитивно постојат секти, кои некои се познати по своите имиња и ритуали, а некои сеуште се кријат во сенката на темнината и чекаат погоден момент да излезат на виделина.
Според народните раскажувања, сектите во Македонија прават незамисливи работи за нормалниот човек. Од одење на гробишта во доцните часови, пеење песни на неразбирлив јазик, пиење крв од животни и човек, до убиства и самоубиства.

 
Сеуште не се знае колку секти има на територија на Македонија, но како најпознати помеѓу луѓето се спомнуваат Јеховините сведоци и Црна Ружа.
За Јеховините сведоци постои дебата за тоа дали се навистина секта или организација која шири одредено духовно сфаќање. За нив е познато дека досега тропнале на многу врати и се обиделе да заведат и придообијат многу млади луѓе. Со презентирање на мали брошури, како сликовници, почнуваат да ве прашуваат за тоа дали сте религиозни, што мислите за Бог, како го доживувате и слично. Оние кои веруваат дека Јеховините сведоци се секта, предупредуваат дека опасно е доколку дозволите тие да го преминат вашиот куќен праг.
Со тој потег на некој начин веќе сте навлезени во нивното учење кои за многумина е контра учењата на православната црква. Во моментов се претпоставува дека во Македонија постојат од 1200 до 1800 Јеховини сведоци кои секојдневно се обидуваат да го шират своето учење и да придовибаат нови млади души, кои не целосно се информирани за сектите и нивната опасност.

Црна Ружа е најозогласената секта како во Македонија така и на целиот Балкан. Според истражувањата, оваа секта почнала да оперира на територија на Македонија, по распадот на Југославија.
За неа, прв пат се слушнало во 1992-ра година кога Бора Лазукич, новинар од списанието „Борбе“ објавил дека открил група на млади од 1500 до 2000 како се собираат на гробишта во доцните часови и изведуваат некакви сатанистички ритуали. Во тие групи имало многу малолетници кои конзумирале дрога и правеле оргии. Оваа секта ја сочинуваат повеќе луѓе од различни националности, меѓу кои Македонци.
Според многуте раскажувања на луѓето, седиштето на Црна Ружа во Македонија, е во Битола, а распространета е и во други градови во Македонија. Исто така, оваа секта поседува огромни парични ресурси, бидејќи за да влезеш во неа потребно е да платиш или да препишеш дел од имотот кој го поседуваш на оној кој е главен на сектата, раскажуваат луѓето кои на било каков начин слушнале или биле дел од оваа секта. Точната бројка на членови на оваа секта сеуште е непозната, но се претпоставува дека е огромна, со оглед на тоа дека е најраспространета секта во Македонија и на Балканот.
Многу секти во Македонија влеваат страв кај луѓето поради необичните ритуали.
Црна Ружа е најозогласена секта бидејќи се претпоставува дека убиствата и самоубиствата се главен ритуал во оваа секта. Еден вид доказ за тоа се многуте самоубиства на територија на Македонија кои сеуште се неразјаснети.

 
При истражувањата, наидовме на неколку форуми, каде што главна тема се сектите во Македонија и луѓето сакаат да бидат што повеќе информирани на оваа тема. Така, некои од нив раскажуваат за самоубиства кои сеуште се неразјаснети: 

Некои сеуште се прашуваат што е тоа секта? Дали е организација со различни сфаќања од останатите, која на различен начин преку ритуали ги прикажува

loading...
Loading...