Кога Фејсбук статус почнува со „дебела“ се претпоставува дека станува збор за навреда, но овде во прашање е нешто сосема друго. Статусот ви го пренесуваме во целост, на начин на кој го обиколи интернетот.За дебелата девојка која вчера трчаше на патека.
Ти на која стапалата едвај и се одвојуваат од земја додека трчаш по патеката…
Ти која се влечеш во погрешен правец…
Ти која застануваш да се напиеш вода после секој круг, и која веројатно би застанувала два пати да постојат две чешми на двата краја од патеката…
Ти, која го привлекуваш погледот секој пат кога ќе претрчаме покракај тебе…
Ти, која облеката ти е натопена со пот после само 20 минути трчање…
Постои нешто што треба да знаеш. Зае*ано си прекрасна!
Секој мал чекор кој ќе го направиш влече двојно поголем товар отколку мојот . Секој круг кој ќе го истрчаш го плаќа долгот од онаа полноќна закуска, десерт, пиво…Надвор има 40 степени, но ти не дозволуваш а го промени твојот план. Ова не ти е прв ден на патека, а сигурно нема да биде ни последен. Ти почна патување кое најверојатно ќе трае цел живот, а тоа започна барем 12 дена пред тоа било каква новогодишна одука.
Трчаш без музика, и можам само да замислам какви мисли ти поминуваат низ глава додека ја бркаш твојата тежина, која во тој момент се намалува, па да, трчај уште еден круг.
Ајде, стапала. Мрдате нозе. Одје*и сало!
Само ако го видиш мојот поглед кога трчам покрај тебе, ќе видиш дека во него нема ни трошка понижување. Во него ќе најдеш само почит. Го можеш ти ова.
Кога луѓето се полоши од тебе во она што го правиш, не ги осудувај поради тоа. Цени го тоа дека и понатаму се трудат. Не го споредувај својот почеток со нечија средина.
Сите ние сме различни и имаме различни места во животот.За дебелата девојка која вчера трчаше на патека.
Ти на која стапалата едвај и се одвојуваат од земја додека трчаш по патеката…
Ти