Најстрашниот мост на светот: Имате ли храброст да го поминете?

Јапонскиот мост Ешима Охаси ги заплашува со својот изглед и најхрабрите возачи. Долг 1700 метри, овој мост поминува преку езерото Накауми а направен е толку висок за да можат да поминуваат бродови под него.Ешима Охаши ги спојува градовите Мацуе и Сакаиминато и повеќе потсетува на бетонски ролеркостер отколку на стандарден мост. На најстрмниот дел има пад од 6,1 процент. Во превод не би сакале овде да ве фати гужва, а при тоа да немате совршени кочници.
Иако многумина се прашуваа зошто некој би направил ваков мост, вистината е дека инженерите не биле пијани туку го направиле таков за да можат бродовите слободно да минуваат под него.
Мостот е широк 11,4 метри, што го прави најголем мост на светот од својот вид. Оние кои минувале преку него велат дека качувањето и спуштањето се вистинска авантура. Дали би имале вие храбтост да го поминете овој мост?

Ешима Охаши ги спојува градовите Мацуе и Сакаиминато и повеќе потсетува на бетонски ролеркостер отколку на стандарден мост. На најстрмниот дел има

Пронајдете не на следниве мрежи: