Најуспешните Македонски спортисти, атлетите од Специјалната Олимпијада на Македонија, отсега со свои термини за тренинзи во СЦ Борис Трајковски

Најуспешните Македонски спортисти, атлетите од Специјалната Олимпијада на Македонија, отсега со свои термини за тренинзи во СЦ Борис ТрајковскиПо најуспешен настап на некоја наша делегација на олимписки игри, членовите од Специјална Олимпијада Македонија кои на овогодинешните Летни олимписки игри во Лос Анџелес го забележаа најдобриот свој настап на една Олимпијада освојувајќи десет медали, ќе имаат нов мотив, шанса и одлични услови за освојување на нови медали и постигнување на уште поголеми успеси. Имено со меморандумот кој ќе се потпише со СЦ Борис Трајковски, нашите атлети ќе имаат можност бесплатно да тренираат пливање три пати во неделата, а кошарка, пинг понг и бадминтон два пати неделно во националната Арена. По тој повод денеска (среда), во 13 часот во СЦ Борис Трајковски ќе се одржи прес- конференција на која ќе бидат презентирани сите детали од меморандумот.
Со овој меморандум, СЦ Борис Трајковски гордо сака да ја сподели радоста со домашната јавност од успешноста на нашите атлети и притоа им обезбеди одлични услови за зачестени интензивни тренинзи на Специјална Олимпијада Македонија со цел да може да освојува нови медали во големите рингови низ светот. Интересно е тоа што на ЛОИ во Лос Анџелес нашите атлети во сите олимписки дисциплини во кои се натпреваруваа, атлетика, пливање, пинг понг и Јунифајд кошарка, освоија медали.
Докажани бенефиции од Специјална Олимпијада:
Физички: Зголемена физичка кондиција, подобрени вештини, кардиоваскуларна состојба и поголема издржливост.
Ментални: Поголема самодоверба, ентузијазам и гордост на училиште, работа, дома и во социјалниот животот. Запознавање на правила и стратегии.
Социјални: Зголемена социјализација, фамилијарна гордост и задоволство. Побогат живот исполнет со можности за дружење со своите врсници и лица од редовна популација, патувања, запознавање нови места и интереси. Поголема јавна свест и прифаќање на лицата со посебни потреби.По најуспешен настап на некоја наша делегација на олимписки игри, членовите од Специјална Олимпијада Македонија кои на овогодинешните Летни ол

Пронајдете не на следниве мрежи: