Највкусните штрудлички со сирење: Готови за 30 минути

Штрудличките со сирење се идеални за сите прослави или гости. Може да се сервираат како топло предјадење или вечера во домот или за друштво заедно со добар филм.Состојки:
Кора
500 гр брашно
100 гр маргарин
100 мл масло
1 јајце
малку сол
½ пакетче квасец
100 мл млеко
1 лажичка шеќер
За фил
200 гр рендано сирење
1 жолчка
100 мл јогурт
сол по потреба
За премачкување
1 белка
малку сусам
Подготовка:
Во 10 мл млака вода помешајте ја лажичката шеќер и квасецот. Оставете да стои десетина минути. Во пластична чинија припремете ги сите останати состојки и додадете го надојдениот квасец. Замесете тесто и покријте со крпа. Оставете да стои околку 1 час на топло.
Надојденото тесто премесете го и поделете го на 2 помали делови. Развлечете со сукало што потенко. Сирењето јогуртот и жолчката добро промешајте ги. Развлеченото тесто премачкајте го со половина од филот.
Намачканата кора завиткајте ја во ролна. Исто постапете и со другата половина од тестото и филот. Штрудлите премачкајте ги со разматена со вилушка белка и ставете сусам. Исечете на маи штрудлички.
Наредете ги во помачкан плех и печете околу 25 минути на температура од 250 степени. Печените штрудлички извадете ги од рерна и покријте со крпа неколку минути. Состојки:
Кора
500 гр брашно
100 гр маргарин
100 мл масло
1 јајце

Пронајдете не на следниве мрежи: