Трошоците на животот во февруари 2016 година, во однос на претходниот месец, бележат пад од 0,1 процент, а цените на мало од 0,6 отсто.Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во февруари 2016 година, во споредба со февруари 2015 година, се непроменети, а цените на мало бележат намалување од 0,4 отсто.
Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0,1 отсто во февруари 2016 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на другите пекарски производи и јајцата за 1,4 отсто, оризот и лебот за 0,9 отсто, маслото и маснотиите за 0,8 отсто, алкохолните пијалаци за 0,6 отсто, месото и сушениот и преработениот зеленчук за 0,5 отсто, брашното и другите житарици и другите млечни производи за 0,3 отсто и безалкохолните пијалаци за 0,2 отсто.
Во февруари, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 10,8 отсто, авионскиот превоз на патници за 9,8 отсто, течните горива и мазива за 6,4 отсто, гасот за домаќинствата за 4,7 отсто, телефонската и телефакс-опремата за 4,4 отсто, предметите за лична хигиена и здравје за 1,3 отсто, услугите за лична хигиена за 1,2 отсто, поправките на обувки, малите електрични апарати за домаќинстватаи одржувањето и поправките на автомобилите за 0,4 осто, обувките за 0,3 отсто, големите електрични апарати за домаќинствата, накитот и часовниците за 0,2 отсто.
Пораст на индексот на трошоците на животот во февруари 2016 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладен зеленчук, освен компирот, за 4,9 отсто, замрзнатото овошје за 1,2 отсто, рибата и морските плодови и свежото и разладеното овошје за 1,1 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,6 отсто и замрзнатиот зеленчук освен компирот за 0,2 отсто.
Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај болничките услуги за 13,2 отсто, информатичката опрема за 2,2 отсто, средствата за чистење и одржување на домаќинството за 1,7 отсто, цврстите горива за домаќинствата за 1,3 отсто, текстилот за домаќинствата за 0,3 отсто, малите алатки и останатите додатоци задомаќинствата, другите медицински производи, терапевтските апарати и опрема за 0,2 отсто.Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во февруари 2016 година, во споредба со февруари 2015 година, се