Намалете го ПРЕКУМЕРНОТО потење!

Loading...

Еден од најголемите проблеми во текот на топлите денови секако е непријатното потење, кое не само што делува нехигиенски, туку ја нарушува и самодовербата и социјалниот живот на поединецот.Покрај секојдневното туширање и користењето на средства против потење, овој проблем можете да го отстраните и со помалку агресивни методи – здрава исхрана.
За среќа, тоа може да се регулира на повеќе начини, а како најдобар и најбезболен е третманот со жалфија.
Телото на еден здрав човек не би требало да испушта повеќе од 400 мл пот на ден. Но, кај некои луѓе потењето ги надминува контролата и границата. Преку потењето, се лачи и 1,5 литри течности на ден. Во вакви случаи, би требало да се обратите кај лекар, кој може да ги утврди причините за настанатиот проблем. Истовремено е мудро да следите одредени правци во исхраната, односно да консумирате храна која го намалува потењето.
– Избегнувајте преработени јаглехидрати. Внесувајте јаглехидрати со поголема количина на влакна и хранливи материи, односно интегрални тестенини и брашно. – Млекото треба да содржи помалку маснотии. – Намалете го консумирањето на сол. Препорачаниот лимит на дневниот внес е четири милиграма. – Јадете храна богата со калциум. Телото ќе биде поздраво и помалку ќе се поти. – Особено во летните месеци, избегнувајте лук и кромид. – Намалете го консумирањето на маргарин и сончогледово масло. Храната варете ја и приготвувајте ја со маслиново масло. – консумирајте билни чаеви, во поголеми количини. Од домашните растенија најдобра е жалфијата, па затоа секојдневно треба да пиете чај од жалфија.

 
Кога ќе се измешаат со вода, од многу билки се ослободуваат лековити материи, а жалфијата е одлична доколку имате проблем со потењето. Комбинацијата на етерични масла, танин, горчливите материи и флавоноидите ја регулираат активноста на потните жлезди, а резултатите се видливи по само две недели.
Еден од најдобрите рецепти против потењето, со помош на жалфијата е следниот: прелијте три лажички жалфија со една шолја зовриена вода, покријте ја и оставете ја течноста да отстои десеттина минути. Почекајте чајот да се излади пред да го испиете, a потоа процедете го.
Дневната доза е три шолји. Ако страдате од потење во текот на ноќта, последната шолја чај од жалфија испијте ја два-три часа пред спиење.Покрај секојдневното туширање и користењето на средства против потење, овој проблем можете да го отстраните и со помалку агресивни методи – з

loading...