Спортското обложување зема голем замав, сè со цел да се оствари полесна заработка. Токму затоа, пропорционално расте и бројот на страници на социјалните мрежи кои нудат разни прогнози за натпревари.Еден наш читател наседнал на лажните ветувања и празните зборови добиени од страницата за спортска прогноза „World Wide Football Tips“ и неговите пари отишле во неповрат.
Наместо да добие сигурна дојава за уплатените пари, тој бил блокиран на Фејсбук со цел да не може јавно да ја каже вистината.
Затоа и нам ни се обрати.
Апелираме до вас: бидете внимателни кому му уплаќате пари за да добиете сигурни натпревари. Алчноста никогаш не донела нешто добро!
Еден наш читател наседнал на лажните ветувања и празните зборови добиени од страницата за спортска прогноза