Наместо решенија и подобар живот, МВР се претвори во ПР – агенција

Министерот Оливер Спасовски  и покрај тоа што седна на министерското столче, веројатно се уште  мисли дека е советник на општина Куманово каде што за секоја пополнета дупка и секоја сменета сијалица прави ПР и маркетинг  за успесите на градоначалникот на Куманово. Крајно време е Оливер Спасовски да разбере дека ја извршува функцијата на Министер за внатрешни работи и дека  треба да се занимава со решавање на реални проблеми на граѓаните.Само во последните 7 дена,  според билтенот на МВР,  кој што е официјален документ во кој МВР ги објавува тековните настани,  се случиле  повеќе криминални дејанија како  сквернавење на гробни места во Љуботен, пукање на јавно место во  Драчево,  каде се загрозени животите на повеќе граѓани кои случајно  се нашле на местотот на настанот,  тешки кражби, самоубиство, силување, насилства и бројни примери  на рушување на јавниот ред и мир.
Граѓаните се загрижени и очекуваат од министерот Спасовски наместо да ја замајува јавноста со прес конференции од типот кој што јадел и кој што пиел  да преземе конкретни мерки, а  министерството за внатрешни работи да биде гарант за безбедноста на животот и имотот на граѓаните.
Јавноста,  граѓаните  го потсетуваат   министерот Спасовски дека тој е највисок орган во МВР и дека е редно  и дека е време да се занимава  со реални проблеми и да понуди конкретни решенија,  а бомбастичните пресови за тоа кој што јадел и пиел,  кој со кого бил и зошто бил нема да донесат ништо добро за нив.  Наместо тоа, Спасовски  да почне да објавува  факти и податоци на бомбастични пресови  за спречени и  решени  кривични дела,  и да ја информира јавноста  кои превентивни мерки ги преземал за спречување на кривични дела и криминалот и каков е ефектот од нив.
Во отсуство на капацитет за решавање на реални проблеми, министерот Спасовски се занимава со тоа како се хранеле неговите претходници во министерството и како скокале мачки по мерцедесот,  кој патем гледаме дека секојдневно го користат за разни потреби, а не и за тоа за кое всушност и беше обезбеден.
Со ваквото однесување Спасовски  со ништо нема да  придонесе за побезбеден и поквалитетен живот на граѓаните на Република Македонија.
Граѓаните коментираат дека оваа ПР кампања што ја спроведува МВР е  дочекана  со потсемев  во јавноста а истовремено предизвикува и  револт кај полициските службеници кои се во дилема дали министерството го води  лице кое е Министер за внатрешни работи или  имаат Министер кој  што е поставен да го претвори министерството во ПР Агенција и да прави циркус од истото.Само во последните 7 дена,  според билтенот на МВР,  кој што е официјален документ во кој МВР ги објавува тековните настани,  се слу

Пронајдете не на следниве мрежи: