Наместо во Србија, 11 компании инвестирале во Македонија

Наместо во Србија, 11 компании инвестирале во МакедонијаСоочени со тоа што има се поголема заинтересираност за инвестирање токму во Македонија, соседните земји односно Србија презема мерки за понудување на погодности за инвеститорите во слободните зони за компаниите да инвестираат во Србија наместо во Македонија.
Притоа на состанокот кој е одржан во Србија е истакната дека се неопходни дополнителни погодности во слободните зони за да не се повтори ситуацијата 11 странски компании кои имале намера да инвестираат во Србија да ги променат плановите и да инвестираат во Македонија.
Претседателот на Групацијата на слободните зони Драган Костиќ навел дека во Србија има 14 слободни зони, во кои работат 20.000 луѓе во повеќе од 260 производни компании.
Костиќ предложил да се воведат новини односно данокот на профитот да биде „нула“.
Тој навел дека во слободните зони во Македонија сите даноци се „нула“, а државата дава дополнителни средства за оние кои сакаат да вложуваат во земјата.
Исто така додал дека во Европа постојат најмалку 10 слободни зони кои нудат подобри услови од зоните во Србија. Соочени со тоа што има се поголема заинтересираност за инвестирање токму во Македонија, соседните земји односно Србија презема мерки за понудување

Пронајдете не на следниве мрежи: