Наместо за „болни Тамари“ Заев ќе го користи мерцедесот за странци- не ни требаат реформи, мерцедесот ќе нѐ внесе во ЕУ и НАТО

Владиниот мерцедес, чијашто вредност СДС ја пресметуваше луцидно и морбидно во „болни Тамари“, сега, кога е во можност да го испере „гревот на минатата власт“, да го валоризира и да го пренамени за „болни Тамари“, за да не изгуби околу 100.000 евра, реши сепак да го задржи за да им биде поудобно на странците кои ќе дојдат во посета на Македонија, пишува „Република“.Во млакото соочување со јавноста Зоран Заев рече дека автомобилот кој бил набавен за речиси 600.000 евра нема да може да се продаде по истата цена, па за да не се изгубт многу државни пари, сепак, ќе се возат странци.
За да биде уште поневероајтно она што го зборува, тој додаде дека се надева дека мерцедесот, односно удобноста која ќе им ја пружи на странците ќе придонесе високите делегации кои доаѓаат во Македонија да покажат повеќе симпатии кон земјата.
Иако МВР уште во 2015 година објави дека автомобилот не е на премиерот Груевски, туку сопственост на „Република Македонија, поточно на Министерството за внатрешни работи, а се користи за опслужување на високи странски гости, делегации и политичари“, Социјалдемократскиот сојуз инсистираше на тоа дека „наместо на луксузен автомобил, власта требало да ги потроши за поквалитетен живот на народот кој ги избра“.
-Блиндираниот мерцедес се користи како главно возило за високи гости-странски делегации при нивна посета на Република Македонија, а кои се обезбедуваат со прв, втор и трет степен безбедносни мерки (претседатели на држави, премиери на влади, заменици-претседатели, заменици-претседатели на влади и други)“ – стои во соопштение на МВР.
Поранешната новинарка Јорданка Ивановска Јоци слушајќи ја „оваа глупоштија“ добила идеја, па му предлага на Заев „да се пријавиме волонтери да им масираме стопала за да им биде уште попријатно ? И да им “дадеме” по еднаш ? Продавај “мерцедесот” и со 400.000 евра, народни пари, отвори две народни кујни!“.
Уште повеќе, за возилото кое ќе нѐ внесе во ЕУ и НАТО на 24 јануари СЈО соопшти дека ја отворило истражната постапка „Тенк“, во која осомничени се две лица, кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување во периодот од февруари до октомври 2012 година, а „за да ја исполнат желбата на тогашниот премиер“ за набавка на „специјално возило“.
 Во млакото соочување со јавноста Зоран Заев рече дека автомобилот кој бил набавен за речиси 600.000 евра нема да може да се продаде по истата цена,

Пронајдете не на следниве мрежи: