Припремете природен и ефикасен препарат за јакнење на имунитетот
Силен имунолошки систем – го штити организмот од различни болести, а со тоа и добро здравје. Иако во нашите аптеки секојдневно се повеќе се појавуваат различни видови на препарати за зајакнување на имунитетот. Но сепак ниеден од овие не може да ги замени природно направените лекови, кои се далеку од поефикасни. Денес ви предлагаме да ја направите оваа таканаречена „Витаминска Бомба“, одлична за овој период од годината кога ни треба цврст имунитет да не штити. Имајте припремено тегла со витамини, не само да ги задоволите потребите за благо, туку и да го зајакнете имунитетот на целото семејство. Ви предлагаме два рецепта за имунитет. И двата се ефективни и многу вкусни, и испробани се разбира. Ваше е да изберете!
Првиот рецепт за деца и возрасни – ќе ви биде потребно:
-100 гр суво грозје
-150 гр ореви
-100 гр бадеми
-кора од два лимона
-100 гр суви кајсии
-100 гр суви сливи
250-300 гр мед
-ако сте во прилика – многу е добро да додадете и 100 гр ореви од бор (одлични во јачење на имунитетот)
Ставете ги во мелница: сувото грозје, оревите, бадемите, ореви од бор и лимонова кора.
Во смесата додајте сок од два лимона, чијашто кора претходно била сомелена. Промешајте.
Потоа, додајте ги издробените сливи и суви кајсии. Промешајте
На крај додадете го медот и повторно промешајте.
Оставете вака се направено да одстои на темно место 1-2 дена.
За деца постари од 3 години – една лажица два пати дневно
За возрасни – една до две лажици три пати дневно
Оваа тегла чувајте ја во фрижидер за целото време на користење.
Другиот рецепт за зајакнување на имунитетот за возрасни. Состојки:
-200 гр суви кајсии
-200 гр суви сливи
-200 гр суви смокви
-200 гр ореви
-1 лимон
-50 мл ракија
-250 гр мед
Сувото овошје и кората од лимон заедно сомеле ги. Во смесата додајте мед и ракија па промешајте. Теглата со смесата внатре чувајте ја во фрижидер. Земајте по една сипена лажица пред оброк. Бидете здрави!Имајте припремено тегла со витамини, не само да ги задоволите потребите за благо, туку и да го зајакнете имунитетот на



